25 Јануари, 2025
0.0307

Третиот панел на The Economist MeetUp - Иновации во финансискиот сектор: Од нови технологии до инвестициски трендови

Објавено во: Мои пари 11 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Панелот „Иновации во финансискиот сектор: Од нови технологии до инвестициски трендови“ се фокусира на најновите технолошки достигнувања кои го трансформираат финансискиот сектор, како и на актуелните трендови во инвестирањето. Се разговараше за влијанието на дигитализацијата, блокчејн технологијата и вештачката интелигенција врз финансиските услуги, како и промените во инвестициските стратегии и однесувањето на инвеститорите. Дополнително, се дискутираше за предизвиците и можностите што ги носат овие иновации за финансиските институции и пазарите. Кои се новите технологии што го редефинираат пристапот кон управување со средства и финансирање, но и кои се идните перспективи за иновации во финансискиот сектор, со акцент на одржливоста и довербата во новите модели. Модераторна овој панел беше Наташа Велковска, директор за ПР и контент продукција во Represent Communications Macedonia.

Говорници на третиот панел насловен како Иновации во финансискиот сектор: Од нови технологии до инвестициски трендови powered by New Biz Podcast беа Филомена Пљаковска Аспровска, главна извршна директорка и претседателка на Управниот одбор на КаСис, Тони Јанковски, директор за развој и иновации во Diners Македонија и Иван Ивановски, претприемач и инвестициски консултант.

Филомена Пљаковска Аспровска, главна извршна директорка и претседателка на Управниот одбор на КаСис во своето излагање се осврна на новите проекти и иновации:

„Се радувам што по години посветена работа, нашата компанија денес е синоним за иновација. 2024 година е најуспешната досега, со многу нови и интересни проекти кои ја задржуваат вниманието на јавноста. Еден од нашите значајни чекори е започнувањето на сертификација за „American Express“, со што стануваме еден од ретките процесори што поддржуваат четири картични системи. Нашиот систем за е-трговија е во постојан раст, со воведување на нови функционалности. Плаќање со линк е иновативна улуга што им овозможува на бизнисите без сопствени веб-страници да вршат електронски плаќања. Дополнително, развиваме апликација за плаќање преку мобилен телефон, која ќе го олесни прифаќањето на плаќања за корисниците.Во 2025 година, нашиот главен фокус ќе биде на безбедноста. Со оглед на зголемените малициозни напади, потребно е да одржуваме исто темпо во унапредувањето на безбедносните мерки, бидејќи безбедноста е и ќе остане наш највисок приоритет.“

Тони Јанковски, директор за развој и иновации во Diners Македонија истакна:

„Иновацијата во финансиските компании може да се манифестира преку воведување нови производи и услуги, измени на постојните или промени во внатрешните процеси, како што се дигитализацијата или редефинирањето на бизнис моделите. Овие промени често произлегуваат од пазарните услови, бидејќи промената е единствената константа. За да останат конкурентни, компаниите мора да иновираат, со цел постигнување одржливост и инклузија на среден и долг рок – што претставува стратешка определба на Diners.

Во однос на новите технологии, компанијата ја разгледува употребата на вештачка интелигенција (AI) и блокчејн. AI се користи за персонализација на услугите преку анализи на корисничките податоци и зголемување на безбедноста при плаќањата. Што се однесува до блокчејнот, компанијата гледа можности за негово иновативно користење, но постојат ограничувања од регулаторната рамка кои бараат соработка со регулаторите и високо стручни кадри. Во 2025 година, фокусот ќе се префрли од внатрешни иновации на надворешни. Компанијата, со поддршка од партнери како Casys, планира да испорача нови производи, кредитни и дебитни картички, како и лојалностни програми со персонализирани понуди. Целта е да се приближи до услугите на европскиот пазар, при што процесот бара долгогодишна работа и континуирана едукација на клиентите за инвестирање и интегрирање во еко-системот на компанијата.

Иван Ивановски, претприемач и инвестициски консултантзборуваше за потребата од едукација и подобри услови за инвеститорите:
„Македонскиот народ е спремен за иновации, но проблемот лежи кај институциите и компаниите. Луѓето сакаат да следат трендови и да инвестираат, но бирократските процедури и недостатокот на регулација, особено за криптовалути, го отежнуваат процесот. Додека во Скандинавија 70% од луѓето инвестираат, кај нас тој број е само 2%. Образовниот систем и општата едукација за инвестирање се на многу ниско ниво. Многу граѓани не знаат каде и како да инвестираат, кои се ризиците или како да избегнат грешки. Мастер класот е курс што ги објаснува инвестициите на лесен и разбирлив начин, целта е да се направи процесот едноставен и достапен за секој. Инвестирањето може да го промени животот на многу семејства, како што и самиот автор видел од сопствено искуство. Главниот двигател е создавање вредност и помагање на луѓето да ги избегнат грешките што тој ги направил. И покрај предизвиците, важно е да се учиме од грешките, да ги поедноставиме бирократските процедури и да создадеме подобра клима за инвестиции. “

пр објава

Можеби ќе ве интересира

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес