20 Декември, 2025
0.0429

„Ајде заедно да работиме да ни се раѓаат повеќе дечиња, да ни се полни училиштата“: Мицкоски се предомисли за данокот за немажени, сакал да поттикне јавна дебата

Објавено во: Македонија 06 Јули, 2025 16:33

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски изгледа се пишамни побројните критики и проблематични коментари за воведувањето на данок на немажени и неженети. 

Денеска тој посочи дека нема да има данок за немажени и неженети, наласувајќи дека целта била да се поттикне јавна дебата и изразувајќи исклучителна загриженост за демографската рецесија во Македонија последните години.

Според Мицкоски, ние тивко исчезнуваме и изумираме и тоа поминува така незабележано и како да треба да се помириме со тоа.

- Се извинувам на тие што можеби погрешно ја протолкуваа таа моја иницијатива, но факт е дека сум исклучително загрижен за демографската состојба во Македонија и факт е дека како претседател на Владата е моја одговорност да бидам загрижен за демографската иднина на мојата татковина... 

Ајде сите заедно да работиме да ни се раѓаат повеќе дечиња, да ни се полни училиштата, за побогата економија, за побогата Македонија, за поуспешни спортисти... природно е тоа - изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција пред седиштето на партијата.

Факт е, нагласи Мицкоски, дека имаме рецесија од 30 проценти на новородени бебиња во Македонија од 23 илјади во 2016 година, на 16 илјади во 2024 година. Бројот на новосклучени бракови, пак е намален за 17 проценти во три години, од нешто повеќе од 13.300 брака во 2021 година, на 11.100 во 2024 година.

- Јас ја сакам мојата држава, го сакам мојот народ и граѓаните и нема да биде одговорно ако тоа го премолчам. Се радувам на јавната дебата, ми пишуваат луѓе, треба со финансиска поддршка да излезе владата итн., Не е тоа решението - изјави Мицкоски.

Тој како пример ја посочи Јужна Кореја, една од најбогатите светски економии, со најнизок фертилитет во светот која има потрошено 270 милијарди долари во последните 15 години за да стигне стапка на фертилитет од 0,75 проценти. 

- Не е до финансиите, до срцето и главата е. До желбата и до умот и затоа, треба од најмлади да работиме за децата и затоа инсистирам во читанката да биде поим за семејство јас, мама, тато, бато и дада. Мора, ако сакаме да опстоиме и како народ, и како нација и како држава тоа е иднината и мора да се бориме - порача Мицкоски. 

Според Мицкоски, состојбата е иста и во Грција, Германија, Полска ... и повика сите заедно да работиме за ова да не ни се случи.  

Мицкоски, исто така, посочи дека на избори излегол со програма во која немало родител 1 и 2, туку татко и мајка и програма во која семејството било прво. 

- Семејната парада, тоа е мојата гордост и тоа идинаната на мојата држава. Може некој ќе ми замери, тоа е тоа. Не можам на сите да им погодам, но ова е политиката што јас додека сум претседател на Владата ќе ја водам - изјави Мицкоски. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки