Ајварот и лутеницата најбарани на странските пазари!
Објавено во: Агробизнис 02 Септември, 2013 09:24
Македонските преработувачки компании претежно извезуваат производи од преработен зеленчук. Во 2011 преработките од зеленчук учествувале со 81,5% по обем и 79,3% по вредност во севкупниот извоз на преработени производи. Главните пазари се извоз се европските и пазарите во земјите од регионот. Македонските преработени производи имаат
релативно ниска извозна вредност (околу 1 кг. за 1,14 €).
- Вредностите забележени во врска со количеството на извозот укажуваат дека домашнитепреработувачи главно извезуваат производи со мала додадена вредност, кои исто така се сметаат за стандардни или производи за „широка потрошувачка“. Исто така, производството и продажбата на сопствени брендови е помало отколку производството под приватни марки. Како последица, индустријата ја гради својата извозна стратегија главно врз конкурентни цени, наместо врз понуда на производи со додадена вредност, стои во истражувањето на МАП.
Според информациите од терен, домашните преработувачи зависат од посредници (увозници итрговците на големо) кога ги извезуваат своите производи во странство.
Бавно се развива договорното производство
Договорното производство е иднината на македонското земјоделство и во таа насока треба да се движат и земјоделците и преравотувачките на зеленчук и вовошје, за да не се случува хиперпродукција, која на крајот завршува на селските депонии. Но анализите покажуваат дека сеуште договорно производство ретко се применува како ефикасен механизам за регулација на побарувачката и понудата на суровиниза индустријата. Исто така, цените значително варираат во зависност од побарувачката за свежи земјоделски производи во регионот и поголемото или помалото производство во земјата. Индустријата за преработка на овошје и зеленчук е комплетно зависна од домашното производство на земјоделски производи. Според истражувањето на Македонската асоцијација на преработувачи 85% од суровината побарана од преработувачките капацитети во 2012 беше договорена и испорачана од производителите/трговците. Најголем дел од суровините се купуваат ад хок, обично пред самиот почеток или во екот на преработувачката сезона. Најважна суровина на преработувачката индустрија е црвената пиперка. Според истражувањето, лани дури 58 отсто од суровината намента за индустријата отпаѓа токму на црвената пиперка, потоа следуваат белата пиперка, гамба, фефрони, корнишони, цвекло, модар патлиџан, моркотв, а најмалку е откупено овошје. Вкупно минатата година индустријата откупила 67, 1 илјади тони зеленчук и 4,7 илјади тони овошје за преработка, што еповеќе за разлика од претходната 2011 година.
Слаба искористенот на капацитетите
Болна точка на преработувчката индустрија и понатаму останува слабата искористеноста на капацитетите. Така податоците од МАП покажуваат дека
просечната искористеност во 2005 година изнесувала околу 27%, 38% во 2009, 40% во 2011 и 45% во 2012 година. Вкупно инсталираниот капацитет за преработка на ОиЗ изнесува околу 120.000 тони на финален производ.
-Малото зголемување на искористеноста на производниот капацитет е резултат на опоравувањето на индустријата и пазарите од ефектите од економската криза, но од друга страна, индустријата се соочи со европската криза која имаше сериозни импликации на севкупното работење на домашните преработувачки капацитети. Дополнителни фактори исто така негативно влијаеа на севкупната работа на индустријата, се обука на раководството и вработените, континуирана понуда на квалитетни суровини, дијалог со добавувачите на суровини за преработка на ОиЗ, дефинирани откупни цени за суровините пред почеток на сезоната, пристап до финансиски средства и друго, стои во бразложението од истражувањето на МАП
Според преработувачите на ОиЗ, главните причини кои ја спречуваат поголемата искористеност на преработувачките капацитети се недостиг на обртен капитал и недоволна соработка со финансискиот сектор, недостиг на одредени суровини, на работна рака и на пазар.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





