19 Април, 2024
0.0413

АКАДЕМИК ЌУЛАВКОВА: Доста од Македонија правите салата и конфузија за подбишега на другиот, нормален, цивилизиран свет

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Низа реакции за Република Илинденска Македонија. Меѓу реакциите на фејсбук се најде и фејсбук статусот на академик Катица Ќулавкова.

Името на државата треба да го означи државното уредување и режим на државата (република, монархија, федерација, соединета/обединета, односно – народна, социјалистичка, независна/автономна) или, ако е поделена, источна/западна, јужна/северна. Ние добиваме ревизија на идентитетот: од Р. Македонија во Р. Илинден-Македонија, Илинден-Македонци, реагира академик Катица Ќулавкова за предлогот за име-Република Илинденска Македонија.

Во својот фејсбук пост, Ќулавкова пишува дека име на држава не се менува ако државата е веќе формирана и стабилна. „Се менува кога се трансформира во некоја друга држава со друг идентитет, режимски, структурен или конституционален.

Без превод, напишано на латиница или кирилица, ова Илинден ќе се чита којзнае како, нема да значи ништо на англиски и француски, а нема да смее да се преведува. Име преседан во деноминацијата на државите.

Правото на самоопределување е суверено и никој не смее ни да помисли да го одземе, укине или негира.

Во личната карта на ОН, Република Македонија е заведена и призната од околу 140 држави, и тоа не смее да биде предмет на промена. Може за билатерална употреба да се договори име со соседот кој бесправно оспорува едно суверено право под претекст за страв од иредентизам. Колку повеќе отстапуваме пред барањата спротивни на повелбите и конвенциите на ОН, толку повеќе ќе се зголемуваат барањата за дезидентификација на Македонија. Предмет на преговори не смее да биде идентитетот на конститутивниот народ на Р Македонија, македонскиот, и ниту едно малцинствоо во Р Македонија не би требало да одбива да се препознае како Македонец на државно, граѓанско рамниште. Сите држави по состав на населението се мултиетнички, а граѓаните, независно од етничкото потекло, се препознаваат во државниот идентитет. Нивниот идентитет поврзан со етничкото потекло се декларира и се уважува со внатрешни законски акти на државата и тоа не е спорно.

Доста од Македонија правите салата и конфузија за подбишега на другиот, нормален, цивилизиран свет. Грција го искористила своето право на самоопределување, а Грците по устав се Хелени/Грци, а не Македонци. Зошто разговорите се претворија во преиспитување на правото на македонскиот народ за самоопределување и конституирање на своја национална држава со почитување на сите граѓански, малцински и човекови права?

Никој нема мандат да прави таква ревизија. Ги повредувате не само колективните, туку и индивидуалните човекови права, а државата ја претворате во ПРОТЕКТОРАТ. Сите политички гарнитури дадоа придонес во тој процес. Ова не е партиски пост, ова е слободно мислење на писател и граѓанин. Овој пост е во склад со Уставот на РМ. А многу аспекти на преговорите, како и на Законот за јазиците во РМ, излегуваат од уставните рамки. Конечно, можеби ќе најдете консензус со Грција и со моќните ментори, но без внатрешен национален консензус нема да има иднина оваа држава како суверена, независна и унитарна. Или, навистина, нашата спасителска иднина е да бидеме протекторат“, напиша Ќулавкова за предлогот Република Илинденска Македонија.



Можеби ќе ве интересира

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време