Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол се најтргувани во првото полугодие од оваа година
Објавено во: Економија 17 Јули, 2013 14:49
Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол го имаат приматот најтргувани акции во првото полугодие од оваа година, покажува шестмесечниот билтен на Македонска берза.
Во овој период, за Комерцијална банка се реализирани вкупно 944 акции, додека зад нејзе е фармацевтската компанија Алкалоид со 835 трансакции и со 463 е Макпетрол.
Акциите на Тутунски комбинат Прилеп, ЕМО Охрид и Витаминка Прилеп забележаа најголем пораст во првите шест месеци од оваа година. Најзабележителен е порастот од 115,56 отсто за акциите на Тутунски комбинат, потоа на ЕМО Охрид со скок од 73,33 отсто.
Во негатива, во овој период, се најдоа акциите на Жито Лукс, кои се „лизнаа“ за 24,53 отсто, потоа оние на Технометал Вардар забележаа пад од 21 отсто и на Комерцијална банка од 17,21 отсто.
Во овој период пазарната капитализација беше на ниво од над 112 милијарди денари што е пораст од 2,71 отсто, додека намалување од 13,55 отсто е забележано во вкупниот број на трансакции во тој период.
Можеби ќе ве интересира
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар




