Акциите на НЛБ Банка АД Скопје и Скопски Пазар АД вчера најтргувани на берзата
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2016
Вчера Македонската берза го заврши денот со вкупен промет од 16 милиони денари реализирани преку 99 трансакции и истргувани вкупно 24.516 лотови.
Денот го обележаа две блок трансакции со акциите на НЛБ Банка АД Скопје и Скопски Пазар АД при што беа истргувани 248 акции по цена од 7.650 денари за акциите на НЛБ Банка и 336 акции по цена од 2.982 денари за Скопски пазар.
На врвот на листата со најголем дневен промет заврши Комерцијална банк Скопје со учество од 57,35 отсто или 9.254.788 денари истргувани преку 43 трансакции со вкупно количество од 3.549 акции.