МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?
Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2025
Решеност за зајакнување на соработката и партнерството изразил македонскиот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски во првиот разговор со бугарскиот колега Георг Георгиев.
Како што објави Муцунски на социјалните мрежи, со бугарскиот колега разговарале телефонски при што му го честитал назначувањето на функцијата.
„Имав пријателски прв телефонски разговор со Георг Георгиев, новиот министер за надворешни работи на Бугарија. Му го честитав назначувањето и ја изразив нашата решеност да го зајакнеме партнерството, да ја унапредиме соработката и заеднички да придонесеме за регионалната стабилност и заеднички напредок“, напиша Муцунски.
И бугарскиот министер се заблагодари за честитиката и се надева на искрен дијалог. Бугарија очекува уставни измени, внесување на Бугарите во Уставот со цел Македонија да ги отвори преговорите со Европската Унија(ЕУ).