МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?
Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2025
Момчето кое доживеа струен удар е во критична состојба.
Во СВР Скопје вчера е пријавено дека во 14.55 часот на железничката пруга на територија на Кисела Вода, 17 – годишник од селото Волково, скопско, кој бил качен на цистерна – вагон, доживеал струен удар, по што цистерната се запалила.
Со возило на Итна помош повредениот е пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Како што информираат од Ургентниот центар, состојбата на момчето е критична. И претходните години имаше случаеви кога младите во обид да снимат ТикТок предизвик, се доведуваа во ризик.