ДЕСПОТОВСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Повеќе нема да биде директор на ТИРЗ
Објавено во: Македонија 02 Јули, 2024
Јован Деспотовски денеска поднесе оставка од функцијата директор на ТИРЗ.
-Немав никаков притисок од политичкиот опонент. Имам мандат до декември, но има нова политичка реалност. Ова што кулминираше деновиве, бара мој целосен ангажман, рече Деспотовски на брифинг со новинарите.
Деспотовски на брифингот ги соопшти бројките од сработеното во ТИРЗ за време на неговиот мандат.
МИА