19 Декември, 2025
0.0367

Акционери во „Реплек“ направија корпоративен преседан во 25 годишната историја на тргување

Објавено во: Економија 12 Април, 2021 07:20

Добивај вести на Viber

Акцијата на фармацевтската компанија „Реплек“ очигледно дека влегува во фокус на инвеститорската јавност. По објавата на „Фактор“ дека мнозинството од присутните акционери не гласале доверба за органите на управување, берзата го замрзна па потоа го одобри тргувањето со таа дивидендоносна акцијаПетокот беше рекорден трговски ден за акцијата на „Реплек“ од аспект на истргуваната количина акции. Истргувани беа 54 акции со право на глас што претставува рекордна истргувана количина за еден ден во период една трговска година. Во ценовна маргина од 99.000 до 99.500 во шест трансакции беше направен промет од 90.000 евра за 0,2 отсто од сите акции во „Реплек“.

Овој настан отвара можност во периодот што следи до 22 април (за кога е закажано продолжување на собранието на точките гласање за одобрување на работа на органите за управување) акцијата на „Реплек“ да стане „хот спот“ на берзанскиот тикер.
Особено затоа што веќе настана корпоративен преседан кој покажа дека на акционерско собрание можат да се случат и непредвидливи и возбудливи работи како што е негласање доверба без претходна најава.

Поларизација во акционерската сруктура постои и битката против Туџарови ја предводи двоецот големи малцински акционери Пецовски (заедно контролираат 17,7 отсто од акциите)  со, како што дознаваме, силна поддршка на „Сава пензиски фонд“ (друштвото кое управува со пензиски фондови кои поседуваат 6,4 отсто од акциите во „Реплек“). За поддршка ќе одлучат мнозинството од 250 акционери домашни физички лица кои поседуваат повеќе од 44 отсто од акциите, а од кои , се чини, дека поголем дел го симпатизираат тандемот Пецовски со поддршка од друштвото за управување со фондови „Сава пензиско друштво“.

Р.Ф.

Читајте уште:

Драма околу Реплек: Во одлуките од акционерското собрание испарија тие за неизгаласување доверба кон менаџментот

Детали: Што ја пукна тиквата во Реплек


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии