„Ако Албанците сакале поделба, ќе ја направеле со петнаесет илјади вооружени војници“: Ахмети бранува, остра реакција од ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 02 Септември, 2025 11:38
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на партискиот собир во Чаир одговори на, како што рече, „измислени наводи“ од дел од политичарите дека Албанците сакаат да ја поделат Македонија.
„Ако Албанците сакале поделба, ќе ја направеле со петнаесет илјади вооружени војници. Ние сакаме унитарна и рамноправна држава за сите, а не тиранин за едни,“ изјави Ахмети, пренесуваат медиумите на албански јазик.
На настанот, заедно со кандидатите за градоначалници Бујар Османи и Скендер Реџепи – Зејд, лидерот на ДУИ го потпиша таканаречениот „Акт на Чаир“, кој, според него, претставува „запечатување на најголемото национално единство од 2001 година“.
На оваа негова изјава пристигна бурна реакција од ВМРО - ДПМНЕ.
- ДУИ е во очај. Штом Ахмети се враќа 24 години наназад со тезите откако да се потсетиме во тие 24 години, 23 беше на власт и е учесник во целото газење, компромитирање и корумпирање на институциите. Сега после 23 години власт му текна да зборува за 2001 година, конфликт чии бенефити и материјализирање најдобро го осетија 50-тина луѓе од врвот на ДУИ, кои од овчари, земјоделци, механичари и слаткари (со сета почит кон чесните носители на овие професии), станаа шеици и тајкуни заради слабата држава и нивната перманентна закана и континуирана злоупотреба на етнички теми во ситуации кога треба да се зборува за реформи, иднина, подобар живот на граѓаните, и борба против корупција од која тие се преплашени - реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение откако вчера лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека „ако сакале да ја поделат Македонија, тоа ќе го стореле во 2001 година со 15.000 војници“.
„ДУИ може колку сака да потсетува на 2001, сега сме 2025, и не само што не може да ја делат Македонија, туку може и да завршат во затвор за криминал и за тоа што ја разјадуваат Македонија и ги злоупотребуваат пред сè своите гласачи. И една друга теза која ги повикавме Албанците да ја слушнат јасно, дали сте свесни дека додека ДУИ е на власт, овие 24 години има егзодус на Албанците (и на Македонците и останатите, но во огромен процент на Албанците), и има толку раселени Албанци од Македонија што Ахмети дури и да ја поделел во 2001, сега Македонија што ќе му останела ќе била иста и бетер како оваа целата, сиромашна, опљачкана и празна. Ние се бориме за доброто на сите. И апелираме да не се дозволува да се инволвира јавноста во овие теми затоа што Ахмети ако не зборува за овие теми станува безначаен, празен и гол, при што лесно се гледа неговото вистинско корумпирано лице, и на неговите најблиски. ДУИ без да се реформира освен со Филипче заради тоа што се исти и со исти вредности и одраз на еден ист ментален склоп, нема соговорник и публика кај никој друг во македонскиот блок, ниту пак некој ги сфаќа сериозно нивните потсетувања на конфликтот после 24 години нивно владеење во земјава од која остана пепел, сиромаштија и се произведоа тајкуни блиски до ДУИ и дел од ДУИ“, се вели во соопштението.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




