12 Јуни, 2024
0.0280

„АКО БИДАМ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ, ВЕТУВАМ...“: Што им вети Филипче на членовите на СДСМ

Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Од денес почнувам да ја претставувам програмата за претседател пред членовите на СДСМ. Ми беше особена чест да се сретнам со членовите на СДСМ во Струга и Охрид. Мојата визија за СДСМ е ефикасна и функционална партиска организација која работи во интерес на членовите и граѓаните, информираше преку социјалните мрежи Венко Филипче.
Ако бидам избран за претседател ветувам дека секој член ќе се чувствува ценет и слушнат, а граѓаните во СДСМ ќе препознаат приземна, професионална и модерна партија.

На денешните средби ја презентирав првата поголема реформа, во делот на демократизацијата на изборот на претседатели на општински организации. Тие ќе се бираат на внатрепартиски избори бидејќи само така ќе ги избереме оние кои имаат најголема поддршка од членовите. Јас не верувам во наметнати решенија туку инклузивни политики на менаџирање.

Пред членовите истакнав дека довербата во членството и граѓаните ќе ја вратиме со достапност, отвореност, одговорно однесување на сите партиски членови, особено на високите партиски и политички функционери. Никој од моето опкружување и раководство нема да си дозволи да не дига телефон или да ги игнорира барањата на луѓето. Тоа е мој пристап и таков пристап ќе барам од сите во партијата.

Им благодарам на сите кои дојдоа денес, поддршката многу ми значи.“ напиша тој на фејсбук.



Можеби ќе ве интересира

ТИНЕЈЏЕР СО АВТОМОБИЛ УДРИЛ ВО ПОВОЗРАСНА СКОПЈАНКА - жената е хоспитализирана во Еразмо

ТИНЕЈЏЕР СО АВТОМОБИЛ УДРИЛ ВО ПОВОЗРАСНА СКОПЈАНКА - жената е хоспитализирана во Еразмо

Османи: Уставното име на државата е Република Северна Македонија и секоја употреба на друго име е надвор од Уставот

Османи: Уставното име на државата е Република Северна Македонија и секоја употреба на друго име е надвор од Уставот

„Оперирале лекари од Србија кои немале соодветна лиценца“: Демири ги изнесе своите причини за разрешувањето на директорите

„Оперирале лекари од Србија кои немале соодветна лиценца“: Демири ги изнесе своите причини за разрешувањето на директорите

Лога со реакција за интернет страницата: Дочекавме претседател што не си ја признава државата

Лога со реакција за интернет страницата: Дочекавме претседател што не си ја признава државата

ДЕТСКИТЕ ИГРАЛИШТА НА УДАР: Уште еден случај на вандализам во Центар

ДЕТСКИТЕ ИГРАЛИШТА НА УДАР: Уште еден случај на вандализам во Центар

Најава за нестабилно време, во Скопје ќе истура

Најава за нестабилно време, во Скопје ќе истура

Панче Тошковски генерален секретар на Владата, Александар Јанев министер за внатрешни работи

Панче Тошковски генерален секретар на Владата, Александар Јанев министер за внатрешни работи

ШТИПСКИОТ КАРДИОХИРУРГ НИКОЛОВ СПАСИ ЖИВОТ ВО СУБОТИЦА НА КОШАРКАРСКИ НАТПРЕВАР: Еве ги деталите

ШТИПСКИОТ КАРДИОХИРУРГ НИКОЛОВ СПАСИ ЖИВОТ ВО СУБОТИЦА НА КОШАРКАРСКИ НАТПРЕВАР: Еве ги деталите

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: Дали почнаа гужвите?

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: Дали почнаа гужвите?