Добивај вести на Viber
Нема најави за испитување на српското брашно што се продава во земјава, за евентуално присуство на олово. И покрај тоа што резултатите од супер анализите покажаа дека кај три од пет пратки од увезената српска пченица е утврдено зголемено присуство на олово, од Агенцијата за храна и ветеринарство не најавија вакви испитувања за увозното српско брашно.
По случајот со зголемено присуство на афлатоксинот М1 во дел од српските млека, сега кај граѓаните лебди прашањето, зошто резултатите за увозната српска пченица се соопштуваат после еден месец и дали навистина ниту грам од оваа пченица не завршила во брашно или крајно, во производство на леб. Мелничарите не само сега, туку и претходно предупредуваа да се зајакнат контролите на увозното брашно.
Итно да се бара контрола на брашното?
Последно тие, по првичните информации дека во земјава влегла пченица со олово, побараа итно да се испита и увозното српско брашно, бидејќи доколку тешки метали има во пченицата, тогаш можно истите да ги има и во српското увозно брашно.
-Истите контроли да се направат итно и кај српското брашно. Исто така треба да се направи и соработка и контроли кај фирмите увозници и фирмите извозници, да се дојде до вистинската трага, за да нема дополнителни штети и по компаниите и по граѓаните. Бидејќи, нашите фирми увозници не се виновни што пратката од Србија имала зголемено количество на тешки метали- изјави пред еден месец
Николчо Ѓорѓиев, претседател на мелничко-пекарската групација во Стопанската комора на Македонија.
Според Правилникот за општите барања за безбедност на храната, анализите за тешки метали што се прават при увоз на брашно, не се прават на секоја пратка, тоа зависело од обемот на увезените количини. Но, според Правилникот задолжителни се контролите за квалитет на сите увозни пратки. Овие услови биле во согласност со одредбите на Светската трговска оргазинација, односно секоја земја извозник е должна да има сертификат за безбедност за секоја пратка со резултатите направени во референтна лабораторија во земјата која извезува.
Агенцијата за храна и ветеринарство засега не открива кои се фирмите извозници, ниту пак за кои македонски млинови била наменета пченицата, иако во круговите на мелничарите се зборува дека спорната пченица била наменета за три големи мелничарски капацитети. Од АХВ единствено соопштија дека станува збор за минимални отстапувања од дефинираните максимални вредности пропишани со Правилникот за општите барања за безбедност на храната, поради кои неодамна од страна на Агенцијата беше донесено решение за забрана за нивно ставање во промет.
Пченицата не чини за луѓето, добра е за добитокот?!
Од Агенцијата исто така соопштија дека спорните количини, кај кои во рамки на задолжителното лабораториско испитување на секоја пратка увезена пченица беше констатирано зголемено присуство на олово, не се пуштени во промет, односно се наоѓаат под надзор на Агенцијата за храна и ветеринарство, информираат од Агенцијата, а согласно законските одредби, за ваквите количини може да се изврши пренамена, односно истите да бидат пренаменети за исхрана на добитокот, или пак да се вратат во земјата од каде се увезени, како и да се уништат. Но, се поставува пршањето како оваа пченица со олово, и покрај тоа што како што тврдат од Агенцијата присуството било минимално нема да биде штетна за здравјето на животните, бидејќи сепак се работи за метал од тешка категорија. Кога лани во земјава влезе пченица со олово од Украина и спорната пченица заврши за добиточна храна, битолската фирма увозник што го стори тоа, заработи казна до 5.000 евра Тогаш од 19 камиони со пченица од Украина една од мострите покажа зголемено присуство на олово.
Ј.С.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.