Ако Брисел нема пари, Ципрас знае дека вреќата на Путин е полна
Објавено во: Балкан 31 Март, 2015 17:52
Грција не се согласува со санкциите на Западот против Русија, бидејќи тие претставуваат пат кој не води никаде. Ова го тврди грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за ТАСС во врска со претстојната посета на Москва на 8 април.
Шефот на грчката Влада потсети дека штом ја презеде функцијата премиер, тој добил порака од претседателот на Европскиот совет (Доналд Туск), кој ја сметал позицијата на Грција во корист на санкциите како готова.
"Му се јавив , како и и на (високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и политиката на безбедност) Федерико Могерини и им реков:" Не си мислете дека позицијата на Грција е готова, ситуацијата е променета, а сега на власт во Грција е друга влада. И сега ќе треба да побарате од нас согласност пред да донесувате одлуки ", рече Ципрас.
"Ние не се согласуваме со санкциите. Сметам дека тоа е пат кој не води никаде. Јас сум приврзаник на ставот дека дијалогот е потребен, дипломатија, треба да седнеме на преговарачка маса и да најдеме решенија за големите проблеми", рече тој.
Во односите меѓу Русија и Грција има голем потенцијал, особено во енергетиката и туризмот, изјави Ципрас. "Мислам дека можноста да се зајакне нашата врска е поврзана со туризмот, како и со разни културни манифестации", објасни премиерот.
Се очекува во Русија грчкиот премиер да се сретне со рускиот колега Владимир Путин, премиерот Дмитриј Медведев и патријархот. Предвидено е исто така предавање на Ципрас во еден од најголемите универзитети во Москва. "Од оваа перспектива мислам дека можноста за соработка на ниво на едукација меѓу грчки и руски универзитети исто така е многу важен аспект од зајакнувањето на кохабитацијата", вели Ципрас.
Тој не пропушти да нагласи дека Грција и Русија имаат заеднички корени, заедничка борба, заедничка религија и култура. "Вашата земја има богата култура, а Грција е лулката на светската цивилизација. Мислам дека во овие области можеме да имаме многу специфична комуникација и зајакнување на врските меѓу двете земји", рече уште грчкиот премиер.
Според него 2016 година ќе биде добра за Грција и Русија и ќе отвори важна можност за развој на односите.
К.К.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




