30 Ноември, 2024
0.0292

АКО ГАЗДАТА ВИ ГО БАРА НАЗАД К15 - пријавете во МВР, советува Трудовиот инспекторат

Објавено во: Економија 31 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Како се ближи крајот на годината, работниците се „острат“ за К15. Газдите се на потег да ја исполнат својата законска обврска, за што имаат уште два месеци.

Но, дали сите компании ќе го сторат тоа, или некои ќе се обидат да го избегнат, често и преку исплата на регресот за годишен одмор, а потоа барање работниците да ги вратат назад парите, задолжен е да проверува Државниот пазарен инспекторат.

Мината година Владата ја задолжи оваа институција да ги засили контролите за К15. Се очекува таква препорака за даде и за оваа година.

Од Инспекторатот за Фактор велат велат дека со или без владино барање, тие ќе ги контролираат газдите.

„И да не не задолжи Владата, контролите дали работодавачите ќе го плаќаат регресот за годишен одмор, ќе бидат во нашиот фокус“, вели за Фактор директорот на Државниот инспекторат за труд Аљајдин Хавзиу.  

Како се наближува крајот на годината претставките од вработените се се почести, иако се очекува дека „пикот“, односно најголемиот број дојави на адреса на инспекторатот ќе стигнат на почетокот на идната година, од оние вработени кои не го добиле регресот.

„Државниот инспекторат за труд врши и редовни контроли за исплатата на К15, дали регресот е исплатен за претходната година. Односно, кога одиме во редовен надзор кај фирмите, покрај тоа што проверуваме дали биле исплатени платите, дали има прекувремена работа, дали има непријавени работници, гледаме и дали е исплатен К15. Тоа значи дека не мора да имаме претставка, иако, кога на почетокот на годината стигнуваат дојавите, задолжително одиме во тие компании“, вели Хавзиу.

Доколку во одредена компанија се открие дека К15 не е исплатен, првата мерка е компанијата да се задолжи тоа да го стори најдоцна во рок од 15 дена. Инспекторот по тој рок повторно прави контрола дали парите се исплатени, и ако фирмата тоа не го направила, следува казна. Таа ќе го удри газдата по џебот со дури 4.000 евра, или половина од оваа сума ако реши да плати за осум дена. Но, ќе настрада и управителот на фирмата, со 30 отсто од оваа казна. 

Државниот инспекторат за труд има вкупно над 103 инспектори, од кои 70 работат на контроли по основ на Законот за работни односи, каде што влегува и К15. Директорот признава дека тој број не е доволен, но вели дека дури и во некои контроли инспекторите да задоцнат, нема да остане компанија што нема да биде проверена, ниту газда што не исплатил К15 - кој нема да биде казнет. 

Што со оние работодавачи кои го исплаќаат регресот, но веднаш потоа бараат работникот да им ги врати парите? Ние тука сме немоќни, вели за Фактор Хавзиу.

„Јас имам такви приказни слушнато најмалку стотина. Но, ние не сме орган кој тоа ќе го утврди. Ние како инспекторат ги гледаме платните списоци и проверуваме дали е или не е исплатен К15. Ако е исплатен, тука работата завршува, бидејќи за нас, тој управител е чист. Ние не можеме да докажеме дека газдата ги барал парите назад“, вели Хавзиу.

Кога вработените ќе се пожалат на овој проблем во Трудовиот инспекторат, оттаму ги советуваат да пријават во МВР.  

„Кога вработените кај нас ќе дојдат да кажат дека газдите им ги барале назад исплатените пари за К15, ние ги упатуваме да одат во Министерството за внатрешни работи или до некои други истражни органи, на пример Финансиската полиција. Бидејќи ние не можеме да им помогнеме“, објаснува Хавзиу.

Трудовиот инспекторат, вели директорот, нема статистика колкав процент од фирмите во земјава ја избегнуваат обврската за исплата на регресот, од причина што, објаснува, немаат ИТ сектор кој би ги направил тие пресметки.

На почетокот на годинава до Државниот инспекторат имало околу 3.000 претставки, од кои голем дел се однесувале и на К15.

А во законот, покрај казната од 4.000 евра, е предвидена дури и казна затвор од една година за неисплата на К15. Истите казни се наведени и за работодавачите кои бараат од работниците да им ги вратат парите.

Најмала сума на К15 што мора да се исплати е 40 проценти од просечната плата во последните три месеци пред исплатата. Ако компаниите сега го исплатат регресот, најниската сума би била нешто над 10.000 денари, или прецизно 10.058 денари.

К15 има право да добие секој работник кој во одредена компанија во текот на годината работел најмалку шест месеци.

Досега К15 земаат само вработените во приватните компании. Неодамна надеж добија и вработените од јавниот сектор, дека од идната година може и тие да „се омрсат“ со регресот, по потпишување на новиот колективен договор.

( Н.Н.Ф.)

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ИМААТ ДОЛГ КАКО ГРЦИЈА: Која европска земја се изедначи со јужниот сосед?

ИМААТ ДОЛГ КАКО ГРЦИЈА: Која европска земја се изедначи со јужниот сосед?

Средба на министерката Божиновска, со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз

Средба на министерката Божиновска, со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз

ДРАМА НА НЕБОТО НАД БЕЛГРАД - авион кој леташе за Подгорица се судри со јато птици, ова е исходот

ДРАМА НА НЕБОТО НАД БЕЛГРАД - авион кој леташе за Подгорица се судри со јато птици, ова е исходот

Членовите на задолжителниот пензиски фонд на „Сава“ за еден ден станаа побогати за 3,5 милиони евра! Кој е нивниот добротвор?

Членовите на задолжителниот пензиски фонд на „Сава“ за еден ден станаа побогати за 3,5 милиони евра! Кој е нивниот добротвор?

ОД ЈАЈЦАТА ПА СЕ ДО МЕСОТО - нема производ без повисока цена

ОД ЈАЈЦАТА ПА СЕ ДО МЕСОТО - нема производ без повисока цена

МАКЕДОНЕЦОТ СЀ ПОВЕЌЕ СЕ СТРЕМИ ДА СИ КУПИ НОВА КОЛА, АМА „ПОЛОВЊАЦИТЕ“ УШТЕ ЦАРУВААТ - еве со колку нови и користени возила се „подновивме“ годинава

МАКЕДОНЕЦОТ СЀ ПОВЕЌЕ СЕ СТРЕМИ ДА СИ КУПИ НОВА КОЛА, АМА „ПОЛОВЊАЦИТЕ“ УШТЕ ЦАРУВААТ - еве со колку нови и користени возила се „подновивме“ годинава

ПЛАТИ ВО ИНДУСТРИСКИТЕ ЗОНИ: „Магна Мирорс“ и „Дура Аутомотиве“ со најдоброплатени работници

ПЛАТИ ВО ИНДУСТРИСКИТЕ ЗОНИ: „Магна Мирорс“ и „Дура Аутомотиве“ со најдоброплатени работници

„ДОВЕДЕНИ СМЕ ВО СОСТОЈБА ЈАС И КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ДА БИДЕМЕ НАДЗОР И ЕДНАШ НЕДЕЛНО ДА ИМАМЕ ТЕШКИ ДИСКУСИИ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Министерот Николоски, ексклузивно во „Бизнис муабети“ на Фактор

„ДОВЕДЕНИ СМЕ ВО СОСТОЈБА ЈАС И КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ДА БИДЕМЕ НАДЗОР И ЕДНАШ НЕДЕЛНО ДА ИМАМЕ ТЕШКИ ДИСКУСИИ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Министерот Николоски, ексклузивно во „Бизнис муабети“ на Фактор

КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ СЕ ПОФАЛИ: Завршија градежните активности на трасата Страцин - Крива Паланка

КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ СЕ ПОФАЛИ: Завршија градежните активности на трасата Страцин - Крива Паланка