Ако има многу полен во воздухот, бројот на инфекции со корона се зголемува
Објавено во: Свет, Корона Вирус 09 Март, 2021
Ако пред година дена беше мистерија, денес научниците имаат се повеќе информации за коронавирусот. Поленот го зголемува ризикот од зараза со коронавирус. Oва го покажа истражувањето на Техничкиот универзитет во Минхен и Центарот „Хелмхолц“ во Минхен. Ако има многу полен во воздухот, бројот на инфекции се зголемува, откри меѓународниот истражувачки тим.
Во некои германски градови за време на истражувањето количината на полен достигнала 500 на кубен метар на ден, што довело до зголемување на стапката на зараза за повеќе од 20 проценти. На места каде што нема мерки за заклучување стапката на зараза се зголемила за четири проценти, кога присуството на полен во воздухот е зголемено за 100 на кубен метар.
Инаку, во Германија е откриен нов сој кој се смета дека е позаразен од основниот вирус.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.