07 Октомври, 2024
0.0241

Ако имате отворена сметка во третиот пензиски столб можете во пензија на 54 или 52 години

Објавено во: Економија 26 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Само 20.000 луѓе имаат сметки во третиот доброволен пензиски столб во државата.

Толку граѓани месечно уплатуваат дополнителни пари на својата пензиска сметка, кои ќе можат да ги користат како дополнување на редовната пензија, но имаат можност да ги повлечат и десет години порано од законската можност за пензионирање. Впечатокот е дека и по пет години откако почна да функционира, доброволниот столб во Македонија е слабо интересен кај вработените и кај работодавците. Kонцептот кој во светот им обезбедува значајни приходи на семејствата и во земјава нуди доста поволности и добар принос. Сите што уплатуваат се ослободени од плаќање персонален данок на доход, а приносите на инвестираните пари досега се околу пет проценти. Познавачите сметаат дека тој допрва ќе се развива.

Според податоци од двете пензиски друштва кои основаа доброволен фонд и од Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување (МАПАС), до март годинава свои сметки за доброволно штедење за пензија во Македонија имаат 20.600 граѓани, што е за десет отсто повеќе во однос на истиот период лани. Некои од нив сами месечно уплатуваат пари на својата сметка, а за повеќето тоа го прават работодавците во колективната пензиска шема.

- Интересот за доброволното пензиско штедење расте, а заклучно со крајот на март имаме повеќе од 12.700 члена. Просечниот годишен принос за целиот период, пет години, колку постоиме, изнесува 7,52 проценти, што е многу добар резултат во време кога се соочуваме со најниски каматни стапки на депозити и обврзници – вели Филип Николоски, втор генерален директор на KБ Прво пензиско друштво, пренесува Дневник.

Од ваквите друштва велат дека е предност што овие пари може да се подигнат десет години пред законската можност за стекнување на право на пензија, односно секој член може да си ги земе заштедите со наполнување на 52 години за жени и 54 за мажи. Парите може да се исплатат еднократно или со комбинација на повеќе начини. При смрт на член или на пензиониран член, средствата стануваат дел од оставинската маса на оставителот.

Целата статија тука.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип