29 Ноември, 2024
0.0265

АКО ЈА РАБОТИТЕ ОВАА РАБОТА, НЕМОЈТЕ ДА СТРАВУВАТЕ ОД ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА - три дејности остануваат безбедни

Објавено во: Економија 16 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

За среќа, има добри вести, експертите тврдат дека се уште има работи за кои вештачката интелигенција не е способна.

Извештајот на Голдман Сакс од март 2023 година процени дека вештачката интелигенција способна да генерира содржина може да изврши четвртина од работите што моментално ги извршуваат луѓето. Низ Европската унија и САД, се наведува во извештајот, може да се изгубат 300 милиони работни места, пишува Би-би-си.

А тоа би можело да биде страшно, вели Мартин Форд, автор на „Правило на роботите: Како вештачката интелигенција ќе трансформира сè“.

„Тоа не е само дека тоа би им се случило на поединци, тоа може да биде доста системско. Тоа може да им се случи на голем број луѓе, потенцијално сосема ненадејно, потенцијално на сите во исто време. И тоа има импликации не само за тие поединци, туку и за целата економија“, вели Форд.

За среќа, има добри вести, експертите тврдат дека сè уште има работи за кои вештачката интелигенција не е способна - задачи кои вклучуваат изразито човечки квалитети, како што се емоционалната интелигенција и размислувањето надвор од кутијата.

„Мислам дека генерално има три категории кои ќе бидат безбедни во догледна иднина. Првата би била работни места кои се навистина креативни: зџначи, ако не работите само шаблонски или доколку нер поместувате само некои работи, туку всушност смислувате нови идеи и градите нешто ново“, вели Форд.

Ова не мора да значи дека сите работни места кои се сметаат за „креативни“ се безбедни. Всушност, нештата како графичкиот дизајн и улогите поврзани со визуелните уметности би можеле да бидат меѓу првите што ќе исчезнат, но постои одредена сигурност во другите видови на креативност. Како што вели Форд, „во науката, медицината и правото ... луѓе чија работа е да смислат нова правна или деловна стратегија. Мислам дека сепак ќе има место за човечки суштества“, пишува Пословни дневник.

Друга изолирана категорија, продолжува тој, се работните места кои бараат софистицирани меѓучовечки односи. Ги истакнува медицинските сестри, деловните советници и истражувачките новинари. Тоа се работни места „каде што ви треба многу длабоко разбирање на луѓето“. Мислам дека ќе помине долго време пред вештачката интелигенција да има способност да комуницира на начини кои навистина градат односи“.

Третата безбедна зона, тврди Форд, „се работи кои навистина бараат многу мобилност и умешност и способност за решавање проблеми во непредвидливи средини“. Многу услужни бизниси и трговци - на пример електричари, водоводџии - спаѓаат во оваа категорија. „Тоа се типови на работни места каде постојано се соочувате со нова ситуација. Тие се веројатно најтешките за автоматизирање. За да ги автоматизирате задачите како оваа, потребен ви е научно-фантастичен робот. Треба да користите C-3PO од Star Wars“, вели Форд, пренесува Пословни дневник.

Фото: EPA

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Министерката Божиновска на средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон, и амбасадорот Метју Лосон

Министерката Божиновска на средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон, и амбасадорот Метју Лосон

Трамп со најавите за зголемени царини дополнително „ја надува“ рекордно високата цена на кафето

Трамп со најавите за зголемени царини дополнително „ја надува“ рекордно високата цена на кафето

МИЦКОСКИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА НАБАВКАТА НА АВТОБУСИ: Кога ќе почне нивното отплаќање?

МИЦКОСКИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА НАБАВКАТА НА АВТОБУСИ: Кога ќе почне нивното отплаќање?

Струјата поскапува? ЕСМ понуди за 2 евра повисока цена до ЕВН Хоме

Струјата поскапува? ЕСМ понуди за 2 евра повисока цена до ЕВН Хоме

КРИЗА ЗА РАБОТНИЦИ: Германија има потреба од негуватели

КРИЗА ЗА РАБОТНИЦИ: Германија има потреба од негуватели

Мицкоски: „Акуо“ беа кај мене, под вакви услови не може да биде странски инвеститор

Мицкоски: „Акуо“ беа кај мене, под вакви услови не може да биде странски инвеститор

РУСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДВИДУВААТ ЛОША 2025 ГОДИНА: Eдно евро се тргува за 115.66 рубљи

РУСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДВИДУВААТ ЛОША 2025 ГОДИНА: Eдно евро се тргува за 115.66 рубљи

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични