18 Декември, 2025
0.0421

„АКО МИ СЕ СЛУЧИ НЕШТО, БАРАЈТЕ ГО НЕГО“ Сопругот на европратеничката оставил мистериозна порака

Објавено во: Свет 27 Мај, 2024 13:54

Добивај вести на Viber

Семејството на Анџело Оронато е сигурно дека 55-годишниот сопруг и татко не извршил самоубиство. Сопругот на италијанската европратеничка Франческа Донато беше пронајден мртов во својот автомобил во саботата во Палермо. По увидот, полицијата на телото не констатирала траги на насилна смрт. Но, Франческа и нејзината 20-годишна ќерка Каролина се сигурни дека тој не кренал рака на себе.

- Ми го убија сопругот! – напиша Франческа Донато на социјалните мрежи.

- Татко ми не беше личност која вака би го оставила семејството. Никој да не се осмели да каже или да помисли дека татко ми се самоуби - рекла Каролина.

Според италијанскиот весник „Кориере дела сера“, жената и ќерката биле испрашувани во полиција до доцна навечер во саботата. Тие раскажаа како по цел ден трагање по него го пронашле телото на 55-годишен маж. Кога тој не се појавил на ручек во саботата, ниту пак се јавил на нивниот мобилен телефон, мајката и ќерката почнале да го бараат преку апликациите на телефонот. Локацијата ги одвела до Viale Regione Siciliana во Палермо, каде што го откриле неговото тело со пластична вратоврска околу вратот.

Адвокатот и семеен пријател потврдил во полиција дека починатиот оставил писмо до семејството во кое се споменува можноста за смрт. Во писмото, меѓу другото, се вели: „Ако нешто ми се случи... Адвокатот знае се и ја знае ситуацијата, контактирајте го“.


Во писмото тој наводно открил кој би можел да го убие.

Полицијата успеала да ги открие движењата на Анџело кобниот ден и претходната вечер. Вечерта пред смртта бил на забава, а утрото недалеку од Палермо сретнал лице. Тој го возел својот роднина до аеродромот и во таа прилика му рекол: „Ќе го решам проблемот со Капачинецот, се надевам на мирен начин“.

Тој беше пронајден мртов во саботата попладне. Тој имал пластична лента околу вратот, а на кошулата му биле пронајдени дамки од крв, додека во автомобилот, според заклучокот на полицијата, немало траги на тепачка.

Бил пронајден како седи на возачкото место, врзан е појас, стаклата му биле недопрени, а немал чевли на себе. На неговата кошула била пронајдена и дамка од крв, а се претпоставува дека се работи за траги кои му излегле од устата и дека починал од задушување. Исто така, надзорните камери не покажале дека некој дошол до автомобилот на 55-годишниот и го убил.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина