АКО НЕ СЕ ПОЈАВИ ВЕДНАШ: На Сеад Кочан му се заканува долготраен притвор!
Објавено во: Македонија 18 Март, 2017 18:46
Одлуката на Апелација за Кочан значи директен билет за во притворот во Шуто Оризари. Правни експети коментираат дека доколку Кочан биде пронајден и фатен во бегство тогаш притворот ќе трае подолго време, затоа што дефинитивно ќе се смета дека бил бегалец.
Доколку тој сепак се појави во текот на денешниот ден, најдоцна утре, тоа ќе може да му се смета за олеснителна околност, па може да се случи да мине во притвор и само 30 дена, ако во меѓувреме достави силни гаранции дека нема да бега од Македонија, велат адвокати за Фактор.
Како и да е, за Кочан ќе биде тешко да докаже дека нема намера за бегство, со оглед дека веќе 9 ти ден е надвор од Македонија, а од него нема ниту трага ниту глас, ако се изземе тоа дека неговиот адвокат рече дека не е во бегство туку на службен пат.
Инаку Апелација го одобри притворот на Кочан по единствена основ, опасност од бегство, што беше и очекувано.
Кочан е осомничен во случајот Труст за проневера на 17 милиони евра, заедно со сопственици и управители на уште три компании.. Инаку неговата Трансмет е фирма која последните години има учествувано на многу јавни тендери.
Од тендери за ископ на јаглен до тендeри за изградба на булевари, делници, чистење на канали, барокни фасади – компанијата „Трансмет“ чиј поранешен сопственик Сеад Кочан е првоосмничен во најновата истрага на Специјалното јавно обвинителство, важи за доминантна компанија во тендерските зделки со Владата на ВМРО ДПМНЕ. Од 2012 година досега оваа компанија има добиено близу 64 милиони евра од државни тендери.
Според податоците од Бирото за јавни набавки, најкрупните тендери се со РЕК Битола, односно за четири години, „Трансмет“ на Кочан кеширала околу 55 милиони евра од два тендера со РЕК Битола.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




