Ако нема договор за платите наставниците повторно ќе штрајкуваат
Објавено во: Македонија 13 Мај, 2022 20:27
До вторник ќе се знае дали наставниците ќе добијат повисоки плати или повторно ќе има штрајк.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков по денешната рунда преговори изјави дека е постигнато усогласување за некои ставови, но сега не може да тврди дали ќе постигнат договор или штрајкот повторно ќе се активира. Она за што генерално е договорено е колективниот договор, но и за тоа треба да се прецизираат деталите. Министерот за образование Јетон Шаќири рече дека независно од крајниот исход, образовниот процес не смее повторно да се прекинува. Тој кажа дека навременото завршување на учебната година за основното образование ќе зависи од извештаите за работа доставени од директорите на училиштата и мислењето на Бирото за развој на образованието. Просветните работници бараа покачување на платите за 18 отсто, па властите понудија 12 отсто, но конечен договор засега нема.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




