05 Декември, 2025
0.1625

АКО ОТВОРАТЕ ДУЌАН: Изберете добра локација, таа ќе ви помогне полесно да се пробиете на пазарот

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2025 10:32

Добивај вести на Viber

Оние кои отвораат дуќани, треба да изберат добра локација која ќе направи да бидат видливи и лесно достапни за муштериите. Добрата локација е нешто што помага бизнисот брзо да се развие. Луѓето кои долго време се инволвирани во бизнис секторот велат дека за дуќан на добра локација не треба да се штеди. Додаваат дека локацијата на објектот е особено важна ако во одреден сектор има голема конкуренција. Тука ги исклучуваат дефицитарните занаети и велат дека муштериите ќе ги најдат овие занаетчии дури и ако се на подалечна локација од центарот, затоа што се бројат на прсти. Сепак, наведуваат дека за малопродажба и угостителство, локацијата е важен фактор за успех.

„За кафетериите е многу важна локацијата, погледот што го имате додека пиете кафе, а тоа ја дефинира и цената на услугите. Освен локацијата важен е и човечкиот фактор, тоа е цела една филозофија и наука за да се биде успешен“, вели охриѓанка.

Паркинг, сигнализација, сообраќај се нешта за кои треба да се размисли и врз основа на кои треба да се избере соодветна локација. Луѓето кои почнуваат бизнис и отвораат дуќан, треба да размислат за демографијата, која е нивната целна група, каде таа се движи, во кој дел од градот и како да бидат поблиску до истата. Треба да истражат дали во близина имаат конкуренција и дали локацијата ќе им помогне за раст во иднина.

„Има едно американско истражување кое укажува дека има три фактори за успех во бизнисот, и тоа се локација, локација и локација.  Најголемите светски брендови бираат топ локации, не одат на периферија. Бизнисот не е само продажба, туку и рекламирањето. Менаџирањето почнува со продажбата на брендот, а не со продуктите. Мојот бизнис е лоциран на ударно место на Широк Сокак“, објаснува Димче Ивановски од Фризерската асоцијација на Македонија.

Сепак, се случува бизнисите да ја менуваат локацијата ако не се задоволни од изборот кој го направиле. 

„Ако се работи за продажба на букети или саксиско цвеќе, потребна е локација во центар, за да го видат луѓето, да влезат и да го купат. Ние почнавме надвор од градот, па потоа се преместивме во центар, во времето на короната“, вели Снежана Цветковска, сопственичка на цвеќарница во Прилеп.

Би било добро ако лицето успее да најде дуќан со добра локација близу до домот, со што нема да има обврска за патување. По изнајмување на просторот, во многу ситуации е потребно тој да се адаптира за потребите на бизнисот.

Сања Атанасовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември