Ако патувате во Швајцарија, Белгија и Австрија, има нови правила за влез
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Септември, 2021 15:22
Има нови правила за влез во Швајцарија, Белгија и Австрија.
Во Швајцарија нема повеќе забрана за влез на државјани од трети земји, вклучувајќи и од Македонија поради туристички или било каков друг престој, но тоа во иднина ќе биде можност само со сертификат за примени две дози вакцина. Условот за поседување на негативен тест не се прифаќа како основа за влез.
Во Белгија важи правило за карантин за невакцинираните патници кои доаѓаат од црвените зони, а тука е и Македонија. Од утре во поголемите градови ќе се воведуваат построги правила за ваквиот тип на патници од црвените зони. Оние кои доаѓаат без сертификат за вакцина или без прележан ковид, мора да минат 10 дневен карантин.
За влез во Австрија мора да се обезбедат следните докази: вакцинација или доказ за прележан коронавирус. Тоа е начин да се избегне карантин од 10 дена, кој може да биде прекинат по 5 дена со негативен тест.
Земјите често ги менуваат правилата за влез кај нив поради промените во епидемиолошката состојба.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски





