05 Декември, 2025
0.0328

Ако патувате во Црна Гора, а не исполнувате ниту еден од овие услови, ќе одите во изолација

Објавено во: Балкан, Корона Вирус 10 Септември, 2021 15:20

Добивај вести на Viber

Се менуваат правилата за влез во Црна Гора. Владата  ги усвои новите мерки за борба против коронавирусот кои ќе стапат на сила од вторник (14 септември), а се однесуваат на влегувањето на странски државјани, но и државјани на Црна Гора во земјата.

Од вторник влегувањето во Црна Гора ќе биде дозволено само ако државјаните на Црна Гора, но и странците исполнуваат еден од следните услови:

да се поминати 14 дена од ревакцинација со вакцините против Ковид-19;

личноста да поседува негативен ПЦР тест кој не е постар од 72 часа или;

позитивен ПЦР тест кој не е постар од 180 дена;

личноста да поседува негативен брз антигенски тест кој не е постар од 48 часа.

Во Црна Гора безусловно влегуваат само лица помлади од 18 години.

„Државјаните на Црна Гора или пак странците кои при влез во државата нема да исполнат ниту еден од овие услови се упатуваат во изолација која може да се прекине со ПЦР тест кој е негативен по шестиот ден од преминувањето на границата“, изјавила министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ. 

Во текот на летната сезона, државјаните од земјите од регионот, можеа слободно да влегуваат во земјата. Но, потоа бројот на заболени брзо порасна, а мерките се заострија. Неодамна Будва беше „корона бомба“, затоа што имаше висока бројка на заразени со ковид. 

foto unsplash.com

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии