Ако патувате во Европа, ова се новите услови за влез во дел од земјите
Објавено во: Свет, Корона Вирус 24 Август, 2021 15:21
Македонските граѓани можат слободно да патуваат во Албанија, но многу европски земји воведоа ограничувања за патувања.
При влез во Австрија, потребно е да имате потврда за вакцинација или потврда за претходно прележан ковид или негативен тест (ПЦР или антиген), под услов лицето што влегува во земјата во претходните 10 дена да престојувало исклучиво во една од т.н. безбедни земји. За транзит низ Австрија не е потребен тест.
За влез во БиХ е потребен негативен PCR тест, не постар од 48 часа.
Граѓаните можат да патуваат во Бугарија со документ за целосна вакцинација, негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа или негативен брз тест за антиген (не постар од 48 часа) (сметајќи од датумот на тестирање внесен во документот) – оние кои го прележале вирус наместо тест можат да приложат документ што покажува позитивен ПЦР резултат или антиген тест извршен во периодот од 15 до 180 ден (сметајќи од датумот на тестирање).
За патување во Грција, потребен ви е електронски формулар ПЛФ што мора да се пополни најмалку 24 часа пред да влезете во Грција – негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа (на деца под 5 години не им треба тест) или антиген (брз) тест (не постар од 48 часа)) – потврда за завршена вакцинација (најмалку 14 дена пред пристигнување во Грција) лица кои се заразиле со вирусот во претходните шест месеци пред патувањето, можат да влезат со потврда за болеста. Деца до 12 години слободно можат да влезат кај јужниот сосед.
Патниците кои престојувале во Македонија, десет дена пред да влезат во Германија и се постари од шест години, се должни пред полетувањето да стават на увид: негативен тест за присуство на вирусот, потврда за ревакцинација или потврда за прележан ковид-19.
За влез во Црна Гора на странците има нови правила. Одлуката на Валдата на Црна Гора стапува на сила од денеска, а тоа значи дека непречен влез во земјата ќе бидат овозможени со еден од следните четири докази: – Да бидат целосно вакцинирани и/или вакцинирани со една доза на вакцина против ковид-19; – Да имаат негативен PCR тест за SARS-CoV-2, не постар од 72 часа; – Да има доказ дека лицето го прележало Ковид -19 (дека не поминале помалку од 14 дена и не повеќе од 180 дена од позитивниот ПЦР или брз антиген тест); Да има негативен брз тест за антиген за САРС-КоВ-2 што не е постар од 48 часа. Доколку странските државјани немаат ниту еден од четирите докази, тие се испраќаат на четиринаесетдневна самоизолација што може да се прекине по шестиот ден од влегувањето во Црна Гора со негативен PCR тест.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат
Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД
БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!





