Ако патувате во Грција со негативен ПЦР тест, има нови правила
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Август, 2021 15:28
За влез кај јужниот сосед има нови правила. При влезот во Грција од Македонија за оние кои патуваат со негативен корона тест ќе има задолжително тестирање.
Патниците кои во Грција влегуваат од 16 држави меѓу кои и Македонија, а немаат сертификат за вакцинација со поминати 14 дена од имунизацијата или потврда за прележан коронавирус, односно патуваат со негативен ПЦР или рапид тест, задолжително ќе бидат тестирани при пристигнувањето, а негативниот резултат е предуслов за влез во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Дополнителната мерка е вклучена во новата министерска одлука на грчката Влада „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, што е веќе објавена во Службен весник на Грција, а во 6 часот утрово стапи во сила. За неопходните документи за влез во Грција кои се поврзани со Ковид-19 нема промени и исто како и во изминатите три месеци за патување кај јужниот сосед потребен е сертификат за вакцинација или негативен ПЦР/ рапид тест или потврда за прележан вирус, заедно со пополнет PLF формулар. Грција на ковид мапата на Европа беше обоена во црвено, поради големиот број на заразени со коронавирусот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер





