Aко планирате да патувате летово во оваа земја нема да има мерки
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 19 Март, 2021
Извесно е дека Унгарија ќе има лето без мерки. Ова го најави премиерот Виктор Орбан.
Унгарија може да ја започне првата фаза на олеснување на рестрикциите поради коронавирусот откако ќе се вакцинираат дополнителни милион граѓани.
„Има големи шанси да имаме лето без рестриктивни мерки“, изјави Орбан за јавното радио.
Засега болниците успеале да се справат со рекордниот бран на инфекции. Дневниот број на заразени надмина 10.000, достигнувајќи нов рекорд од 10.759. Надминат е и дневниот рекорд на бројот на починати, кој сега изнесува 213, во земја со 10 милиони жители. Вакцинациите продолжуваат и скоро 1,5 милиони луѓе се вакцинирани додека владата се обидува да ја спречи пандемијата и повторно да ја отвори економијата. Орбан рече дека ограничувањата може да почнат да се олеснуваат кога тој број ќе се искачи на 2,5 милиони или четвртина од населението.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.