Ако планирате да се селите, ова се земјите во ЕУ со највисоки плати
Објавено во: Финансии 20 Декември, 2022
Kaко што објави Евростат, меѓу земјите-членки на ЕУ, највисока просечна годишна плата со полно работно време лани е забележана во Луксембург од 72.200 евра, а зад неа се Данска (63.300 евра) и Ирска (50.300 евра).
Најниски плати земаат работниците во Бугарија (10.300 евра), Унгарија (12.600 евра) и Романија (13.000 евра). Во оваа група спаѓа и Хрватска со 16.170 евра. Во Словенија просекот изнесува 28.760 евра
Просечната годишна плата со полно работно време за вработените во ЕУ минатата година била 33.500 евра. Сепак, сите земји се погодени од кризата. Инаку, Германија очекува намалување на инфлацијата во 2024 година.foto freepik.com/roman-