АКО ТРЕБА - за болните од коронавирусот „на готовс“ чека и Воена болница
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Март, 2020 16:27
Капацитетот на Инфективната клиника засега е пополнет само со 25 процени . Поточно, исполнет е првиот кат со пациенти кои се болни од коронавирусот, и се целосно изолирани од другите пациенти.
На располагање на оваа клиника стојат уште три ката, кои, доколку има потреба, односно доколку се зголеми бројот на заболени, можат да примат нови пациенти. Или конкретно, на Клиниката за инфективни болести има вкупно 110 легла, каде што можат да бидат сместени пациентите кај кои ќе има потреба од болничко лекување.
Покрај Инфективна во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, доколку дојде до пораст на болните од КОВИД-19, следна болница каде што тие ќе се лекуваат во Градската општа болница „8 Септември“, односно поранешна Воената болница. ГОБ „8 септември“ има 400 кревети, односно капацитет за 400 лица. „Таму има голем број предности. Односно, има и инфективно одделение и тројца специјалисти. Така што, следна институција која би ги презела болните би била „ГОБ 8 Септември“, велат од Министерството за здравство.
Практично, дури и да се оствари најцрното очекувано сценарио за пораст на бројот на заболените, нашата држава има капацитет да ги прими сите заболени кои ќе треба да бидат хоспитализирани, односно тој систем е целосно испланиран, уверуваат од Министерството за здравство.
„Нашите експерти сметаат дека многу подобри ефекти би дало лекувањето во домашни услови за оние што имаат полесна клиничка слика, наспроти оние сценарија што ги подготвуваат некои земји, а таа е да се преадаптираат спортски сали, воени објекти и слично“, велат здравствените власти.
Инаку, веќе е познато дека “пикот“ на болните од коронавирусот се очекува на крајот на април, а се дотогаш ќе расте бројот на заболените. Се проценува дека бројот на заболени во земјава ќе достигне околу две илјади лица.
„Нашата крива на раст на бројот на заболените е поблага од европските земји. Колку мерките за ограничување на движењето ќе бидат поригидни и повеќе ќе се почитуваат, таа ќе биде поублажена“, велат здравствените власти.
Тие тврдат дека во земјава се уште нема автохтоно жариште, туку сите позитивни се во корелација со некој од „увезените“ пациенти.
Инаку, кога станува збор за тестирањето, кое од денеска ќе се закажува и преку матичните лекари, од Здравство тврдат дека нема основа граѓаните да се тестираат пред да поминат 14 дена откога оствариле контакт со заболено лице, бидејќи најмногу толку е периодот на инкубација.
Сепак, во најголемиот број од случаевите, ако некој е заразен, тестот станува позитивен во петтиот или шестиот ден после контактот со заболеното лице. За тоа како светот ќе се справи со овој проблем, како што потенцират здравствените авторитети, се очекува дека „се ќе заврши со вакцина и со постепено стекнување на имунитет на населението на овој вирус“.
Нина Нинеска-Фиданоска
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски





