АКО УЖИВАВТЕ ВО ЗАЛАДУВАЊЕТО, ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПОВТОРНО ЗА ТОПЛО ВРЕМЕ: Еве што велат балканските метеоролози
Објавено во: Македонија 28 Јули, 2023 08:19
Заладувањето по се изгледа брзо ќе замине од земјава. Балканските метеоролози најавуваат топло време на Баллканот, вклучувајќи ја и Македонија.
Во следните денови времето ќе биде претежно сончево и многу топло, а во Херцеговина на поголем дел од Јадранот, крајбрежните и централните делови на Црна Гора и поголемиот дел од Македонија жешко.
Температурите на воздухот во регионот генерално се движат од 23 до 34 Целзиусови степени.
Славчо Попоски пак, вели дека продолжува стабилното, суво и претежно сончево време во Македонија, само во понеделник во попладневните часови ќе има појава на локална и краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Сепак утринските температури ќе бидат многу пониски од изминатите утрини и тие ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, но утре изутрина во Малешевијата таа ќе се спушти и под 10 степени.
Максималните дневни температури на воздухот пак во следните денови ќе бележат тенденција на пораст, но тие нема да бидат екстремно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени.
Во Скопје и околината исто така продолжува стабилното, суво и сончево време. Исклучок ќе биде понеделник попладне, кога во делови од котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наутро температурата ќе биде значително пониска за разлика од изминатите утрини и таа ќе се спушта во интервалот од 12 до 16 степени, додека максималната ќе се искачува во интервалот помеѓу 32 и 36 степени.
Ув индексот во следните денови ќе има многу висока вредност (вредност 9), што значи малку ќе биде понизок за разлика од изминатите денови, кога тој имаше екстремно висока вредност 10.
На самиот почеток од следната седмица, во регионот повторно се очекуваат нови временски непогоди и опасно време, а во почетокот од август од Арктикот кон европа би можело да се спушти нов студен бран и со себе да донесе интензивни врнежи од снег во Алскиот регион, но и големо невреме на Балканот, вели Попоски.
ФОТО: МЕТЕОАЛАРМ
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




