26 Декември, 2024
0.0322

АКТИВИРАНА ЗИМСКАТА СЛУЖБА НА ГРАД СКОПЈЕ: Фрлиле 45 тони индустриска сол

Објавено во: Македонија 25 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Почнаа активностите на дежурните екипи од Зимската служба на Град Скопје, изминатата ноќ интервенирано со 45 тони индустриска сол фрлена на критичните точки на подрачјето на градот, информираат од градот.

“Екипи на Зимската служба на Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“- Скопје во текот на изминатата ноќ почнаа со активностите за чистење снег и фрлање на сол на сите булевари и критични точки во градот.

Интервенирано е со фрлање на 45 тони индустриска сол на сите критични црни точки и на поголемите булевари и улици во градот со седум специјални возила на Град Скопје.

Се чистеа првите снежни наноси на булеварот Александар Македонски, улиците Радишанска, Индира Ганди, Коце Металец, како и Христо Татарчев на последна автобуска постојка број 24.

Координираните активности за зимско оддржување на улиците во надлежност на Град Скопје и ЈП Улици и патишта продолжуваат со целокупната механизација и расположливиот кадровски потенцијал“, велат оттаму.

Како што информираат, градот Скопје и јавните градски претпријатија за претстојната зимска сезона 2023/2024 обезбедија околу 3.500 тони индустриска сол, од кои околу 1000 тони се залиха од минатата зимска служба. Обезбедени се и 200 тони ладна асфалтна маса за санација на оштетените сообраќајни површини. Со Програмата се предвидени обемот, динамиката и нивото на одржување на улиците, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на градските сообраќајници во зимски услови.

Кoловозните ленти при одржувањето во зимски услови ќе се расчистуваат  според приоритети, како што се критичните точки, пристапите до објектите од витално значење за граѓаните и сообраќајниците од посебно значење за функционирање на сообраќајот /стопански објекти/.

Преостанатите јавни претпријатија се задолжени во рамки на Програмата и своите надлежност да обезбедат механизација и опрема, а имаат изготвено и посебни подпрограми за расчистување на јавни површини во зимски услови“, се вели во соопштението.

Од Кризниот штаб со апел до граѓаните, урбаните заедници, куќните совети и претпријатијата, благовремено да преземаат мерки за отстранување на возилата од коловозите, расчистување на пешачките приоди, приодите до објектите и покривите на објектите. 

„Во спротивно, полицијата и комуналните инспектори, врз основа на Законот за јавна чистота ќе изрекуваат казни. Посебно се апелира до возачите да ја почитуваат законската регулатива за задолжително користење зимски пневматици, со што ќе придонесат во организирањето на оптималната безбедност на сообраќајот во зимски услови. Потсетување за граѓаните дека за расчистување на сервисните улици надлежни се општините, велат од градот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова во првото годишно обраќање порача дека од ЕУ очекува европско однесување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова во првото годишно обраќање порача дека од ЕУ очекува европско однесување

ПАНОВСКИ ДОЖИВЕАЛ НЕСРЕЌА ВЧЕРА: Јас ќе бев смачкан, а возачот на џипот и да не беше осуден, ќе беше душевно осакатен

ПАНОВСКИ ДОЖИВЕАЛ НЕСРЕЌА ВЧЕРА: Јас ќе бев смачкан, а возачот на џипот и да не беше осуден, ќе беше душевно осакатен

ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАТУВААТ ВО ТОЈ ДЕЛ: Извлечени се седумте лица кои беа заглавени во Лазарополе

ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАТУВААТ ВО ТОЈ ДЕЛ: Извлечени се седумте лица кои беа заглавени во Лазарополе

УШТЕ ЕДНА ЗЛОУПОТРЕБА: Битолчанка со туѓи лични податоци подигнала брз кредит

УШТЕ ЕДНА ЗЛОУПОТРЕБА: Битолчанка со туѓи лични податоци подигнала брз кредит

Тошковски: Со пари од „Државна лотарија“ се купувале имоти во земјата и странство

Тошковски: Со пари од „Државна лотарија“ се купувале имоти во земјата и странство

ОФИЦИЈАЛНО СЕ ОТВАРА СКИ ЦЕНТАРОТ „МИХАЈЛОВО“: Јанчев со покана до сите љубители на скијањето

ОФИЦИЈАЛНО СЕ ОТВАРА СКИ ЦЕНТАРОТ „МИХАЈЛОВО“: Јанчев со покана до сите љубители на скијањето

ВО ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО НЕМА НИТУ ЕДЕН ЗБОР ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Годишно обраќање на Силјановска - Давкова

ВО ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО НЕМА НИТУ ЕДЕН ЗБОР ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Годишно обраќање на Силјановска - Давкова

Полицајци од Гази Баба и Арачиново си делеле бесправно бонус плати од по 600 евра

Полицајци од Гази Баба и Арачиново си делеле бесправно бонус плати од по 600 евра

„Ветувањата за ‘горда Македонија’ се нурнаа во неуставниот Закон за двојазичност“: Левица со остри кртики - измените протуркани на несоодветна комисија

„Ветувањата за ‘горда Македонија’ се нурнаа во неуставниот Закон за двојазичност“: Левица со остри кртики - измените протуркани на несоодветна комисија