„Ветувањата за ‘горда Македонија’ се нурнаа во неуставниот Закон за двојазичност“: Левица со остри кртики - измените протуркани на несоодветна комисија
Објавено во: Македонија 25 Декември, 2024
Опозициската „Левица“ денеска со ново соопштение против одлуките на владината коалиција, во кое ги критикува постапките за воведување двојазични лиценци за работа во градинките.
- На вчерашната седница на Собранието, коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ, ги изгласа измените на Законот за заштита на децата со кои се воведуваат двојазични лиценци за работа во градинките! - пишува во соопштението на Левица.
Но, од партијата не застануваат тука, напротив, тие потсетуваат дека токму владејачката ВМРО најголем дел од гласовите на граѓаните ги доби со ветување дека ќе се стави крај на политиките кои ги водеше претходната владејачка гарнитура.
- Пратениците на ДПМНЕ, кои добија поддршка од околу 500.000 граѓани со ветување за ‘горда Македонија’ и ставање крај на штетните политики на СДС-ДУИ, коишто бараа голема победа за да не бидат уценувани од албанскиот политички блок – сега се нурнаа во длабока примена на неуставниот Закон за двојазичност!
Потсетуваме дека овие измени на Законот за заштита на децата беа протуркани на несоодветна комисија – Комисијата за енергетика, каде претседател е Бојан Стојановски од ДПМНЕ! - нагласуваат од „Левица“.
Потоа дополнуаат дека со досегашното делување, ДПМНЕ јасно ја искажува намерата за продолжуваање и надградување на политиката на кантонизација која ја зацрта СДС.
- Оваа одлука на ДПМНЕ претставува директна предавничка капитулација пред двојазичните политики кои самите ги осудуваа додека беа во опозиција нарекувајќи ги кривични дела.
Со изгласувањето на двојазични лиценци, ДПМНЕ го легитимира процесот на дезинтеграција на Македонија. Од Рамковниот договор, преку Преспанскиот и Бугарскиот договор, до овој чин, политиките на СДС се продолжуваат со апсолутно мнозинство од страна на партијата која вети дека ќе ја брани Македонија, а сега го користи мандатот за антимакедонски политики - нагласуваат од „Левица“.
Од паратијата потоа заклучуваат дека „во моментот кога сите други политички елити се натпреваруваат кој ќе биде попокорен слуга на надворешните и антимакедонските интереси - Левица, чиј пратеници гласаа против овие измени, уште еднаш докажува дека е единствената политичка сила која доследно и искрено се бори против федералистичките и разнебитувачките политики“.
Претставниците на партијата во нивни стил, на новите одлуки на владејачката партија, со посебни компилации на фотографи го изразија својот револт на најновата одлука и преку социјалните мрежи.
На Фејсбук тие сподеуваат фотографија од пратеникот Бојан Стоајновски, со посебен осврт на двојазичноста.