(ГАЛЕРИЈА) Активисти бараат казни за оние кои малтретираат и трујат животни
Објавено во: Македонија, Галерија 09 Април, 2017 17:17
Голем број граѓани денеска се собраа на плоштадот во Скопје за да го изразат својот револт од труењето на кучиња.
Извикуваа „Правда за животните”, „Убијци”, „Затвор за трујачите”. Побараа масовна стерилизација на животните, полиција за животни која би спречила насилство над животните, забрана на слободната продажба на отрови кои се опасност за здравјето и животот на сите животни, но и на луѓето, и воведување на казна затвор за насилниците кои малтретираат животни.
„Сакаме да апелираме до институциите да си ги вршат своите надлежности и да ги фатат и санкционираат трујачите и насилниците. Постојат закони за ова, а институциите не реагираат. Ние бараме животните масовно да се стерилизираат, да има стационари во сите општини, а не вака со логорот Вардариште каде што ги убиваат животните”- велат активистите.
Тие движејќи се зад транспарентот „Глас за безгласните, правда за животните” се упатија кон Собранието на Република Македонија. Таму симболично истурија сода бикарбона асоцирајќи на истурањето отров од кој повеќе домашни и улични животни се затруени.
На протестот имаше фотографии од отруените животни, кучињата убиени во стационарот Вардариште и апели до институциите да почнат да си ја вршат работата.
Точната бројка на отруени животни не се знае, но активистите тврдат дека најголем број на отруени животни има во Скопје.
Претходно имаше случаи каде кучиња нападнаа луѓе, а фатален беше случајот во кичевско Бачишта каде дете почина откако го искасаа повеќе кучиња. По ова, невладините алармираа дека има и труење на кучиња низ Македонија.
ФОТО ФАКТОР





* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





