29 Септември, 2024
0.0243

Акцијата на „Комерцијална“ направи промет од половина милион евра!

Објавено во: Економија 10 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

„Комерцијална банка“ имаше 30 пати поголем промет од „Алкалоид“ – акција која беше прва според прометот на подсегментот „берзанска котација“. Лидер на подсегментот „задолжителна котација“ е НЛБ Тутунска банка со реализација од 9,6 милиони денари заради дивидендата што следи. Солиден промет имаше и акцијата на скопска  „Стопанска банка“ кој иако нема да носи дивиденда е одлична инвестиција на долг рок – или додека грчката банка не стане дел од некоја голема меѓународна банкарска групација Апослутна доминација на акцијата на „Комерцијална банка“ во последнава трговска седмица на нашиот пазар на капитал. Прометот за четири трговски дена изнесува 32,1 милиони денари (над половина милион евра), а во споредба со прометот од претходната седмица пораснал 50 отсто односно за 10 милиони  денари. Очигледно е дека малите купувачи ги охрабри понеделничкото купување кога голем купувач буквално собра над 10.000 акции по просечна цена од 1.750 денари. Овој потег беше сигнал за купувачите дека е можно да следува период на „одлепување од дното“ кое беше поставено на 1.700 денари за акција. Одлепувањето е веројатно само динамичко и е резултат на тоа што некој голем имател на акции или нов сопственик решил да купи сега „Комерцијална банка“ зашто проценил дека е добар момент и дека е „дампинг“ цена. Вториот ден од трговската седмица следеше уште едно големо „пазарење“ во кое беа истргувани околу 3.800 акции на банката по просечна цена од 1.757 денари. Со тој чин таа акција два дена по ред оддржа темпо на големи количества и мал раст на цената. Тоа веќе беше значаен сигнал за поситни инвеститори, трејдери да почнат да влегуваат по малку и претпазливо во акцијата со големо име, но без позитивни вести во последниве две години, а тоа ќе трае се додека не заврши големото чистење на позиции во кредитното портфолио на банката, состојба за која ниту еден акционер досега не побара отчет од долгогодишниот врвен менаџмент. Како и да е „Комерцијална банка“ во петок заврши тргување на маргината од 1.800 денари, 98 денари повеќе од последната цена од претхдната седмица. Како понатаму? Во овие услови, по најновите вести за настаните во Куманово , веројатно многу претпазливо и без илузии дека трендот на раст ќе продолжи, а да не изненади ако цената повторно сврти кон минималната годишна цена на која се најде по објавата на кварталниот извештај. Растот на „Комерцијална банка“ паралелно со падот на цената и тргуваниот волумент на „Алкалоид“ уште еднаш наведува на тезата дека тие две акции на нашата берза се однесуваат како што се однесуваат американскиот долар и цената на нафтата на светските трговски пазари. Односно ако едно расте другото губи и обратно. Еве кај нас повторно се случи ист тренд : растеше „Комерцијална банка“ , паѓаше иако минимално и со мала количина „Алкалоид“. Можеби трејдерите ја преферираа „Комерцијална“ очекувајќи на кратка позиција некако профит кој е значаен за вакво време-невреме... Кој би знаел, но не може да се одрекува дека „Комерцијална“ оваа седмица беше многу побарана од „Алкалоид“. Но ако „Алкалоид“ продолжи со корекцијата веројатно е дека таму ќе повеќе заинтересирани купувачи, нели затоа што акцијата е обврзница – утка нема. Прашање е само на која цена ќе се влезе и колкав ќе биде приносот – многу значаен во вакви посни времиња. И малку за „Гранит“ – омилената акција на нашите трејдери за прв пат по долго време се тргуваше пет дена и надмина милион денари промет, но падна под маргината од 500 денари. Затвори тргување на 485 денари за акција и ако продолжи трендот на пад таа ќе станува се поатрактивна за трејдерите. Конечно можеме да очекуваме и некаква трговија со таа хартија од вредност која порано беше многу активна на нашиот пазар. Само да споменеме дека најблизу до прагот – 1 милион денари беше акцијата на „Витаминка“ со реализација од 0,89 милиони денари по цена од 8.860 денари и тргување од само еден ден. Нормално заради слабата понуда. На подсегментот „задолжителна котација“ убедливо најликвидна е НЛБ Тутунска банка со промет од 9,6 милиони денари, тргување во 4 дена и ценовна маргина од 6.100 до 6.000 денари за акција. Таа акција се тргува само за дивиденда и додека да дојде дивидендниот пресек таа ќе држи висока цена, а потоа очекувано би било да има корекција. „Стопанска банка Скопје“ оваа седмица оствари солиден промет со пад на цената до маргина од 300 денари за акција. Тоа се случи во петок по објавата на точките на дневен ред на акционерското собрание повторно нема дивиденда за обичната акција на Стопанска банка Скопје и покрај фантасичниот профит за лани од 21,4 милиони евра. Дури и задолжителниот принос за приоритетната акција е многу скромен – само 14,4 денари за акција што е само 4,1 отсто на последната цена од 350 денари за акција. Ако некој си го постави прашањето зошто сега се тргува обичната акција на „Стопанска банка“ кога нема дивиденда, а банката е полна како брод и прави многу пари, одговорот е само еден – некои мудри инвеститори ги паркираат своите пари во таа акција зашто таа банка кога и да е ќе биде цел на превземање од некоја голема банкарска групација. Само треба да се чека. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија