05 Декември, 2025
0.0422

АЛАРМ ЗА АГРАРНА МАКЕДОНИЈА: Над 135 илјади хектари земја не се обработува!

Објавено во: Агробизнис 08 Ноември, 2015 09:56

Добивај вести на Viber

Во состојба кога од година во година расте увозот на земјоделски прехрамбени производи, над 135 илјади хектари земјоделско земјиште годишно не се обработува. Според последните статистички податоци за 2014-та година, во земјава има 511.000 хектари обработлива површина во која спаѓаат ливади, овоштарници, бавчи,лозја, пасишта. Од овие 511.000 хектари, лани  134.000 хектари биле угари и необработени ораници. Слична е состојбата и претходните години. Анализирано од 2006 година,според податоци од официјалните Статистички годишници, вкупните обработливи површини бележат континуиран пад. Така пред 7 години имало 537.000  хектари обработлива површина, годините потоа е регистрирано намалување, во 2013-та година овие површини изнесувале 509.000 хектари, а лани е регистриран благ пораст.Во истиот период пак необработливите површини првично бележат пад, па потоа повторно пораст.
                                 Обработливи површини                           Угари и необ.ораници                      
2007       526.000 хектари                                               138.000 хектари
2008       521.000 хектари                                               137.000 хектари
2009       513.000 хектари                                               126.000 хектари
2010       509.000 хектари                                               137.000 хектари
2011       509.000 хектари                                               137.000 хектари
2012       510.000 хектари                                               137.000 хектари
2013       509.000 хектари                                               132.000 хектари
2014       511.000 хектари                                               134.000 хектари
Извор ДЗС Побаравме став од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со колкава површина обработливо земјоделско земјиште располага Македонија, колку огласи за распределба на земјоделско земјиште се објавени и колку од нив им се доделени на земјоделци, но не добивме одговор. Во меѓувреме статистиката покажува и намалување на производството и искористеноста на ливадите и пасиштата. Така ако во 2007 година биле искористени 58.804 хектари со ливади на кои имало производство од 92.862 тони. Во 2010 година има се искористиле повеќе ливади или 59.088 хектари од кои производството изнесувало 97.145 тони. Но лани повторно има намалување, односно биле искористени 58.865 хектари ливади, од кои производството тежело 94.227 тони. Од друга страна додека додека се намалуваат обработливите а се зголемуваат неопбработливите површини, од година во година расте увозот на земјоделско-прехрамбени производи, и вкупно на храна. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека увозот на храна и живи животни кој во 2003 година изнесувал скоро 363 милиони долари, во 2008 година достигнал 620 милиони долари, во 2013-та година 681.418.000 долари, а лани изнесувал близу 685 милиони долари. Колку губи Македонија? Колку губи Македонија како агарарна земја што секоја година во просек необработени остануваат околу 135 илјади хекатри.Според дел од агроекспертите, и само 50.000 хекатри од овие 135 илајди да се обработуваат, ќе има придобивки,односно ќе се зголеми производството на некои култури, што крајно ќе влијае врз намалување на увозот на храна. -Најчесто овие необработени површини се во ридско-планинските делови, но има и во рамничарските делови.Секако штетата што не се обработуваат е голема. Сигурно има околу 50.000 хектари кои можат слободно да се обработуваат, да се посеат со житни култури, како пченица,пченка, рж,јачмен,овес и добиточна храна. Ние сме нето увозници на сите овие култури и трошими милиони евра. А така не само што ќе ги покриеме домашните потреби туку ќе има и за извоз. Под претпоставка на овие 50.000 хектари да се посее пченица, да има 3.000 килограми од хектар по откупна цена од околу 11 денари, годишно би добиле околу 26 милиони евра. Ваквата состојба само докажува дека се нема доволно интерес за земјоделството. Само колку се изгуби што пет години стои необработено плодното земјиште во Џумајлија,многу реколти, многу род и пари. Потребно е да се направат посебни програми и стратегија како да се натераат земјоделците да ги обработуваат овие површини,на пример да им се дадат некои дополнителни субвенции, вели агроекономистот Борис Анакиев. Дел од земјоделците причината за необработените површини ја лоцираат во нерентабилното земјоделско производство, но и во малверзации со распределбата на земјата.  неправилната распределба на земјоделското земјиште. -Производството не е рентабилно, па голем дел од оние земјоделци што со години произведувале, сега се откажуваат. Младите не ни помислуваат да се занимаваат со земјоделство.Така што не е ништо чудно што толку површини не се обработуваат. Се додека нема планско производство и п-ласман на производите, нема развој. Од друга страна и кога има оглас за земјиште, вистинските земјоделци тешко стигнуваат до парче земја, дополнително има доста земја која не се обработуваа ама се земаат субвенции. Загубата што не се обработуваа 135 илјади хектари е голема, нормално што повеќе земја се обработува толку ќе имаме поголемо производство и ќе моежеме да го намалиме увозот, вели Ристо Велков, претседател на Регионалниот синдикат на земјоделци. Од Асоцијацијата на земјоделци велат дека точната бројка на необработени површини ќе се знае кога ќе биде изготвена педолошката карта. -Мислам дека голем дел од тие површини се напуштени оти се непродуктивни, но се додека не се изготви педолошката карта и банката за земјоделско земјиште, не можеме точно да знаеме колку од земјоделските површини се обработуваат а колку не се обработуваат, вели Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделци.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?