03 Мај, 2024
0.0247

АЛАРМАНТНО: Ќе го ограничи ли Србија увозот на македонско вино и домати?

Објавено во: Агробизнис 15 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Денеска истекува рокот кој што Србија и го постави на Македонија за укинувње на мерката за ограничен увоз на пченица и брашно. Засега нема конкретни ставови како ќе постапат двете земји. Од Српското министерство за внатрешна и надворешна трговија коментираат дека нивната одлука ќе зависи од ставот на македонската Влада, а дали, какви  и кога ќе воведат контра мерки за ограничување на увозот на македонски производи, ќе одлучат во текот на денешниот ден. Од македонска страна нема прецизен рок за тоа кога ќе се укине заштитната мерка. Од ресорното министерство за телевизијата 24 Вести велат дека се фокусирани на забрзување на откупот на домашната пченица и дека досега се откупени околу 75 отсто од домашната пченица. Но не калкулираат со временски одредници. Со сличен став минатата недела излезе и Владата. -Во овој период откога е воведена мерката, Владата и сите државни институции се фокусирани на надминување на предизвикот што постоеше на пазарот со пченица за да се стекнат услови мерката да биде повлечена. Во овој момент мерката е сѐ уште актуелна, а ние сме фокусирани на подобрување на пазарниот инструментариум. Во овој момент не оперираме со конретни датуми и рокови, и сме фокусирани на подобрување на пазарниот инструментариум и надминување на самиот предизвик како таков, изјави мината недела владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Наспорти ставовите на Македонија, Србија не престанува со заканите. Само пред два дена заменик министерот на српското министерство за внатрешна и надворешна трговија Бојана Тодоровиќ, предупреди дека најрано планираните контра мерки кон Македонија  би ги вовеле од почетокот на следната недела, доколку македонската Влада во догледен период не ја укине мерката. -Детално следиме што се случува во Македонија по ова прашање. Сепак, ние се уште немаме никакви релевантни информации дека Скопје презема било кавов потег за укинување на мерката. Веќе сме во контакт со Министерството за земјоделство, кое е одговорно за контрамерки кои евентуално би се преземале против Македонија ако мерката за условен увоз на брашно и пченица набрзо не се укине. Постапката е дека Министерството за земјоделство да се препише контрамерки ако Скопје не ги испочитува крајниот рок. Значи, во овој случај, бидете сигурни дека ќе ја известиме ЦЕФТА за тоа што Македонија не го направи она што и беше наложено од страна на сите членови“,  изјави Бојана Тодоровиќ, заменик-министер за трговија на Србија за српскот весник „Данас“. Заштитната мерка меч со две оштрици Со мерката за ограничен увоз на пченица и брашно, едно производство се заштитува, но друго е во опасност, тврдат дел од земјоделците. Производителите на зеленчук се исплашени од најавите на Србија дека ќе воведе контра мерки за ограничување на увозот на македонсиот зеленчук, овошје и вино, велат дека тоа ќе биде погубно за македонското градинарство чии производи засега најмногу се извезуваат во Србија. -Мерката е можеби добра за производителите на пченица, но ако србите ги спорведат најавите тогаш извозот на градинарски производи е загрозен. Владата треба да најде итно решение за овој проблем. Сметаме дека мерката во моментов не дава ефект оти веќе две недели откупот на пченица стагнира, мелничарите не откупуваат. Затоа според на оваа мерка сега треба да се укине, оти во спротивно ќе биде погубна за градинарите, и так да им се излезе во пресрет на другите земјоделци. И кога ќе се укине, самите мелничари нема да бидат во состојба да увезуваат оти имаат залихи, вели Ристо Велков, од Регионалниот сојуз на земјоделци. На терен откупот на домашната пченица стагнира И покрај тоа што на стартот од жетвата ресорниот министер Љупчо Димовски им порача на мелничарите да го забрзаат откупот на пченица, периодов откупот не се одвива по планираната динамика, велат земјоделците. Според нив токму поради тоа е невозможно заштитнат мерка да се укине во догледно време. Околу 30 отсто од родот е неоткупен. Силосите на мелничарите се затрупани со залихи од српско брашно и пченица, и тоа е една од причината поради која мелничарите стагнираа со откупот. Ваквите залихи се направени поради големиот увоз на српска пченица и брашно, кој само за последнава година и половина изнесува 250.000 тони. Од друга страна, дел од земјоделците се незадоволни од откупните цени, за кои велат дека не се такви какви што се договориле на последниот состанок со мелничарите и министерот Димовски. - Мелничарите не почитуваат ниту една од спогодбите што беа договорени. Беше договорено трета класа 13 денари , втора, 14 денари и прва класа пченица да се откупува по 15 денари за килограм, а тие откупуваат по 10 до 11 денари за килограм, изјави Вељо Тантаров од Сојузот на земјоделци на Македонија Од Асоцијацијата на земјоделци велат дека овие 30 отсто неоткупени количини се всушност ситните земјодлци, оние кои имаат мали површини и прозведени количини и немаат постојани партнери за откуп. Големите земјоделци први ја предале пченицата бидејќи со години соработуваат со мелничари кај кои што го даваат родот. Ситните земјоделци сега се ставени во лоша финансиска состојба и токму затоа Владата треба итно да реагира и да донесе одлука за интервентен откуп на околу 10.000 тони пченица, објаснуваат од Асоцијацијата -Тоа се најсиромашните земјоделци, нивната пченица не е откупена, бидејќи млинарите немаат веќе место каде да скалдираат оти се затрупани со залихи. На овие земјоделци сега треба да им се помогне, бидејќи тие сега намаат пари да   извршат две орања, да применат агротехнички мерки, нешто што треба да се направи 4 до 5 дена по жетва, бидејќи шченицата не им е откупена. Колку подоцна се спроведат тие орања, со вавкви високи температури толку ќе биде полошо за земјиштето на кое потоа нема да може повторно да засад култура. Затоа апелираме Владата итно да излезе во пресрет со одлука за интервентен откуп, бидјќи ако не се реагира навреме потоа ќе биде предоцна, вели Ефтим Шаклев од Асоцијацијата на земјоделци. Пред извесен период од Владата изјавија дека постои можност за ваква опција, но не прецизираа кога ќе донесат таква одлука. Инаку годинешната жетва нема да биде родна како што се планираше и очекуваше на почетокот. Поради високите температури се очекуваат пониски приноси и послаб квалитет. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?