17 Декември, 2025
0.0735

Албанците ќе се жалат на одлуката на УЕФА, Србите сега ја разгледуваат

Објавено во: Балкан 24 Октомври, 2014 13:59

Добивај вести на Viber

Огромно незадоволство кај албанските навивачи предизвика одлуката на УЕФА за прекинатиот квалификациски натпревар Србија - Албанија, со која натпреварот е регистриран со службен резултат 3:0 во корист на Србите. Ултрадесничарската партија Црвено-црна алијанса како главен виновник за ваквата одлука го смета првиот човек на УЕФА Мишел Платини, за кого вели дека е „српски син“. Од оваа партија повикуваат на протести против одлуката на УЕФА во Швајцарија и во Брисел и сметаат дека ваквата пресуда е резултат на поддршката што Србија му ја дала на Платини при неговиот избор на функцијата. „Албанија треба да се повлече од квалификациите за Европското првенство. Само повлекувањето ќе го врати достоинството на албанскиот народ и ќе биде знак на протест против нашите непријатели“, стои во соопштението на радикалната десничарска партија. И албанскиот премиер Еди Рама смета дека одлуката на УЕФА не е праведна. „Фудбалскиот сојуз на Албанија ќе направи добро ако отвори судска постапка до крај. Денеска немаше правда за она што се случи на стадионот во Белград. Напред Албанија!“, напиша Рама на Твитер. Но, и Србите немаат многу причини да бидат задоволни. Иако натпреварот беше регистриран во нивна корист, тие веднаш ги загубија трите бода како казна, а и следните два натпревари од квалификациите дома ќе ги играат без публика. Освен ова, и српскиот и албанскиот фудбалски сојуз ќе мора да платат парични казни по 100.000 евра. Фудбалскиот сојуз на Србија се уште не одлучил како ќе реагира на одлуката на УЕФА и дали ќе го искористи правото на жалба. Највисоките органи на ова тело заседаваат попладнево на итна седница за да ги разгледа досудените мерки.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата