Албанците од Серава сами дошле во МВР - Воопшто не го ни виделе Диме Спасов
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2016
Откако провладините медиуми посочија тројца Албанци како дел некаква криминална Серавска група која наводно го бркала и нападнала Диме Спасов, тие самите отишле во МВР за да дадат исказ дека воопшто не биле вмешани во настанот и дека воопшто ниту го виделе ниту пак го нападнале заменик министерот за време на сообраќајните несреќи.
Како што објавија медиумите блиски до власта, Спасов го бркала група од албанска етничка припадност од Серава, и затоа бегал и удирал по возила, а потоа избегал и од полицијата. Тој синоќа во полицијата не поднел кривична пријава против нив, туку пријава-поплака што е нелогично со оглед дека се тврди дека бил во опасност.
Сепак, овие контра наводи дојдоа премногу касно, 20 часа по несреќата и не е јасно зошто Спасов не им соопштил на полицајците кои го сопреле дека е во животна опасност да му помогнат, а наместо тоа избегал и побарал од неговиот возач да ја преземе вината за управување со возилото, додека пак девојката која му била сопатничка ја оставил.