14 Ноември, 2025
0.0334

АЛБАНИЈА ДOЖИВУВА ТУРИСТИЧКИ БУМ: Колку странци ја посетиле земјата лани?

Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2025 19:00

Добивај вести на Viber

Албанија лани ја посетиле рекордни 11,7 милиони странски туристи. Западниот сосед доживува туристички бум.

Министерката за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро, вели дека имаат зголемување од 15,2 отсто на бројот на туристи во однос на 2023 година. Има гости од регионот, од Европа, но и од подалечни земји. Приходите од туризмот за девет месеци минатата година изнесувале повеќе од 3,8 милијарди евра. 

„Покрај зголемувањето на туристичките пристигнувања од земјите во регионот, 2024 година го потврди растот и стабилноста на пазарите од Западна Европа како Италија, Германија, Франција или Обединетото Кралство и ја прошири картата на далечните пазари од далечните азиски и американските пазари, придружени со извонредното влијание врз економијата“, напиша Кумбаро на Фејсбук.

Бројките ги објави и премиерот Еди Рама и напиша дека 2024 е една рекордна година која докажала дека Албанија не е само куриозитет на моментот, туку конечно го отворила својот пат кон одржлив раст во бројки. 

Голем број Македонци, односно околу половина милион лани ја посетиле Албанија. 

Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот по Катар. 

foto Wikipedia/ Pudelek

Можеби ќе ве интересира

Властите ја соопштија причината за пожарот во домот за стари лица во Тузла

Властите ја соопштија причината за пожарот во домот за стари лица во Тузла

ХАОС ВО БЕЛГРАД: Автомобил удрил во група луѓе - повредените префрлени во болница

ХАОС ВО БЕЛГРАД: Автомобил удрил во група луѓе - повредените префрлени во болница

Белград добива метро, првата линија готова за 2-3 години

Белград добива метро, првата линија готова за 2-3 години

Тивка смрт на уште еден југословенски гигант: По 65 години згасна фабриката што хранеше стотици семејства

Тивка смрт на уште еден југословенски гигант: По 65 години згасна фабриката што хранеше стотици семејства

Бугарски медиум објави за кое дело ќе го гонат македонскиот лекар кој прегази куче

Бугарски медиум објави за кое дело ќе го гонат македонскиот лекар кој прегази куче

„Нема повеќе луксуз да купуваме време“ – Кој е „третиот партнер“ што сака да го преземе НИС? Дали САД ќе го одобрат?

„Нема повеќе луксуз да купуваме време“ – Кој е „третиот партнер“ што сака да го преземе НИС? Дали САД ќе го одобрат?

(ВИДЕО) МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО ЗАГРЕБ: Граѓаните вознемирени се јавуваа во полиција

(ВИДЕО) МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО ЗАГРЕБ: Граѓаните вознемирени се јавуваа во полиција

Бугарија се соочува со недостиг на гориво: „Залихи има за околу еден месец“

Бугарија се соочува со недостиг на гориво: „Залихи има за околу еден месец“

Како Црна Гора стана најбрзорастечкиот центар на милионери во светот?

Како Црна Гора стана најбрзорастечкиот центар на милионери во светот?