Албанија им објави војна на нотарите, фрчат суспензии и одземање лиценци
Објавено во: Балкан 22 Септември, 2024 15:23
Албанија наметна строга контрола во работењето на нотарските канцеларии по бранот поплаки од страна на граѓаните. Во изминатиот период одземени се голем број на лиценци и наметнати се суспензии.
- Во периодот јануари-август 2024 година, Министерството за правда ги засили контролите во нотарските канцеларии низ државата, при што беа извршени 42 контроли, што е значително зголемување во однос на минатата година. Овие контроли дојдоа како одговор на поплаки на граѓаните, како и за гаранција за спроведување на законските правила од страна на нотарите, рече министерот за правда, Улси Мања.
Во периодот јануари-август годинава, одземени им се лиценците за работа на 11 нотари, а изречени се и други мерки. Како резултат на овие длабински проверки преземени се управни мерки против 22 нотари за кои е констатирано прекршување. Од нив, на 11 нотари им е одземена лиценцата, четворица други се суспендирани, додека на седум нотари се изречени управни мерки. Запленети се и 17 нотарски архиви, посочи Мања.
Паралелно тече и процесот на ветинг за судиите и обвинителите. Деновиве разрешен е обвинителот Сабри Кастрати, од Обвинителството во Лежа, кој не можел да го аргументира потеклото на имотот што го поседувал. Од почетокот на процесот, 1 јануари 2018 година, ветингот не го минале над 200 судии и обвинители, меѓу нив и претседател на Врховен суд
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




