Албанија има завидни резерви на нафта
Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2014 12:30
Албанија располага со околу 400 милиони тони резерви на нафта, а главна нафтена зона во земјата е Патос-Маринза со површина од 44 илјади хектари, соопшти албанската Национална агенција за природни ресурси. Патос-Маринза претставува најголем извор на нафта во Европа, со производен капацитет од 7,7 милиони барели нафта годишно.
Приходот од извозот на албанска нафта кон странските пазари на крајот од 2012 година достигна 56,7 милијарди леки (околу 403 милиони евра). Во последните осум години, извозот на нафта од Албанија пораснал за неверојатни 2.880 проценти, пред се како резултат на странските инвестиции во овој сектор. Во 2012 година извезени се еден милион тони албанска нафта, а веќе во првите 10 месеци од 2013-та извозот достигнал 1,6 милиони тони.Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




