АЛБАНИЈА: Казните за неносење маска ќе се внесуваат во сметките за струја
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 10 Октомври, 2020
Задолжителното носење маски на отворено стапува на сила и во Албанија.
Казните за неносење маска ќе се внесуваат во сметките за струја.
Мерката стапува на сила во четврток, најави премиерот Еди Рама
„Оваа мерка за превенција од коронавирус ќе стапи во сила в четврток, 15 септември. Сите граѓани се обврзани да носат маска насекаде, на улица, на секој јавен простор, освен дома и угостителски објект“, рече Рама.
Рама вели дека казните за непочитување на мерката ќе бидат ригорозни и ќе се внесуваат во сметките за потрошена електрична енергија.
„Ниту еден поединец нека не се надева дека ќе ја избегне казната. Сите земји од регионот се движат кон оваа мерка. Ние сме во битка да ги систематизираме односите со сите служби и сите бизниси со тоа што ќе се ослободиме од оние инспектори кои за разлика од повеќето ги уништуваат овие односи. Државната и општинската полиција ќе ја контролираат целата територија и ќе бидат со нулта толеранција за секој кој нема да носи заштитна маска. Се надевам на совеста на граѓаните“, изјави Рама.
Во последната недела од направени тестови дури 18 отсто од нив се позитивни на ковид-19.
Досега во Албанија починаа 416 луѓе, а вирусот е потврден кај повеќе од 15.000 луѓе.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.