AЛБАНИЈА: Oд корона починале 43 здравствени работници и 25 полицајци
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 10 Март, 2021
Во Албанија од Ковид-19 до сега починале 43 здравствени работници и 25 полициски службеници.
Од здравствените работници, 90 отсто биле лекари кои инфекцијата ја добиле на работното место. Од заразените над стотина полициски службеници, починале 25, последно денес 49-годишен полицаец од Фиер. Меѓу починатите има и просветни и работници од културата, но точен број нема. На 20 ноември лани како последица од Ковид-19 почина 16-сет месечно бебе. Првата жртва од коронавирусот во Албанија е регистрирана на 11 март 2020 а една година потоа официјалниот број на починати е 1.986.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.