16 Декември, 2025
0.0311

АЛБАНИЈА ПОЧНА ДА ГО ГРАДИ ПРВИОТ ДАЛНОВОД КОН МАКЕДОНИЈА: Проект вреден 70 милиони евра

Објавено во: Економија, Македонија, Балкан 28 Декември, 2023 06:30

Добивај вести на Viber

Електроенергетската инфраструктура на јужниот дел на Балканот веќе извесно време интензивно се модернизира, а изминатата недела донесе ново поглавје во тој процес.

Албанија ја започна изградбата на 400 kV далновод кој го поврзува централниот град Елбасан со Битола во југозападна Македонија, што е прва енергетска врска меѓу двете земји, соопшти албанското Министерство за енергетика, пренесува порталот Seenews.

„Далноводот ја зголемува енергетската безбедност и служи за поширока регионална интеграција на двете земји на балканскиот пазар на електрична енергија и пошироко“, рече министерката за енергетика Белинда Балуку.

Во Албанија, цената на проектот се проценува на 70 милиони евра (76,5 милиони долари), од кои 14 милиони евра се обезбедени од Европската унија, според регионалниот огранок на ЕУ, Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

Германската влада обезбедува заем од 50,5 милиони евра за проектот, изјави амбасадорот на земјата во Албанија, Карл Бергнер.

Во  Македонија изградбата на далноводи се проценува на 50 милиони евра, според WBIF.  Македонија започна со изградба на својот дел од интерконекцијата во февруари 2022 година.

 Македонија произведува најголем дел од својата електрична енергија од јаглен, додека Албанија најмногу се потпира на хидроелектрични централи.

Проектот е дел од пошироката иницијатива на Европската комисија за воспоставување коридор за пренос на електрична енергија исток-запад меѓу Бугарија, Македонија, Албанија, Црна Гора и Италија. Делницата помеѓу Бугарија и  Македонија е завршена, а 400 KV врската меѓу Албанија и Црна Гора и подморницата меѓу Црна Гора и Италија се веќе во функција.


Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност