Добивај вести на Viber
Албанските власти заплениле 22 автомобила што биле украдени во странство. Како што изјави за албанските медиуми претставник на полицијата, специјална операција се водела под името „Еврокар - Албанија“, а била изведена низ целата Албанија со помош на Европол, Фронтекс, Евроџест и Интерпол.
Од запленетите 22 автомобила, тринаесет биле украдени во Италија, по два – во Англија и Бугарија, а останатите – од Белгија, Србија, Босна и Херцеговина, Грција и Унгарија.