17 Декември, 2025
0.0411

РАМА ОДИ НА СРЕДБА СО АЛБАНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА: Ултранационалистите ќе го пречекаат со протести

Објавено во: Балкан 02 Ноември, 2024 09:10

Добивај вести на Viber

Албанскиот премиер Еди Рама утре ќе оди во Солун на средба со албанската дијаспора, а грчките ултранационалисти ќе го пречекаат со протест.

„Со особено задоволство ќе се вратам кај Албанците во Грција, овој пат во Солун, каде историјата не поврза со илјада нишки и денес не обединува повеќе од кога било, со нашите јужни соседи, како два европски народа, кои дури и за неколку години ќе бидат рамо до рамо во Европската Унија“, напиша Рама на Фејсбук.

Средбата, која се одржува под познатото мото „Горд за Албанија“ е закажана за во 11 часот во хотелот „Порто Палас“.

Првата средба тој ја одржа во Атина на 12 мај, по што на 26 истиот месец во Милано. Во Њујорк, беше на 26 минатиот месец а на 24 овој месец ќе биде во Лондон, средба која беше првично планирана за месец мај.

На средбите тој ја бара поддршката на дијаспората за четврт мандат, на која право да гласа и се дава за првпат на парламентарните избори што во Албанија ќе се одржат на пролет.

Како што објави Топ чанел грчките ултранационалисти планираат да го пречекаат со протест, на кој главниот говор ќе го одржи претседателот на грчката ултранационалистичка партија, Национален фронт, Димитрис Валасидис. 

Се дознава дека за време на протестот на улица ќе бидат фрлени летоци на кои ќе пишува „Слобода за Ворио Епир“ (Слобода за Северен Епир) -   јужниот дел на Албанија, гаде главно е концентрирано грчкото малцинство.

Албанија ги почна преговори со ЕУ, а Рама планира до 2030 година, земјата да ја внесе во европското семејство. 

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата