УШТЕ ЕДЕН ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР И АКТИВИСТ ДАДЕ МИСЛЕЊЕ: Посочува што би можела да биде причината за несреќата во Нови Сад
Објавено во: Балкан 02 Ноември, 2024 12:09
Експерти трагаат по причината зошто се случи трагедијата во Србија каде загинаа најмалку 14 луѓе.
Сите се прашуваат како е можно да се случи вакво нешто, особено што оваа станица беше реконструирана пред четири месеци, а на ова прашање сега одговори градежниот инженер и граѓански активист Данијел Дашиќ.
„Уривањето се случи бидејќи на постоечката армирано-бетонска конзола беше додадена масивна челична конструкција со тешко стакло, закотвена со челични профили за покривот, што доведе до кршење на котвите и пукање на носачите на конзолата“, напиша Данијел Дашиќ на неговиот профил на социјалната мрежа Х.
Вели затоа има паника и се зборува дека настрешницата не е реконструирана.
Настрешницата што се урна на Железничката станица во српскиот град Нови Сад, не е обновена бидејќи не ја одобрил Заводот за заштита на спомениците во Нови Сад, јавуваат српските медиуми.
Како што може да се види од документот до кој дојде „Новости“, Институтот побарал санација, замена на стаклото и плочките, но не и реконструкција на настрешницата.
„Реновирајте ја настрешницата над главниот влез, заменете ги постојните метално обложени делови во делот со стаклото; значително оштетената покривка на настрешницата од мозаична плочка заменете ја со нова изработена од истиот или нов материјал, што ќе следи оригинално уметничко решение во обработка и боја“, се наведува во приложените документи.
МНР потврди дека во несреќата загина и македонски државјанин.Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




