„НЕ МОЖАМ ДА ТИ ГО ПОДНЕСАМ ОДНЕСУВАЊЕТО, ПОЗДРАВ“: Тоа била пораката што Данела и ја пратила на Мазнева, пред да ја разреши од директорската позиција на Комунална
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2024
Екс директорката на ЈП Комунална хигиена Скопје, Косана Мазнева, во гостувањето на поткастот кај Кристијан Ландов, откри каква порака добила од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, пред да биде разрешена од директорката позиција на комуналното претпријатие.
„Се чувствуваше тензија заради некои мои акции кои морав да ги преземам. Поракала што ми стигна беше „Не можам да ти го поднесам однесувањето, поздрав“. И на мене ми беше совршено јасно дека утре ќе ми се јават од градот да одам да си го земам решението“, раскажа Мазнева.