24 Декември, 2024
0.0271

МАКЕДОНЦИТЕ „НАГАЗИЛЕ“ НА КУПУВАЊЕ НОВИ КОЛИ, А ПРОФИТОТ „НАГРНА“ НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - еве како се зголемува добивката за 46 проценти

Објавено во: Економија 01 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Нето добивка од близу 400 илјади евра оствари компанијата „Аутомакедонија“ за период од девет месеци од почетокот на оваа година.

Ова значи дека полека но сигурно таа автомобилска компанија „гази“ во се поуспешни и попрофитабилни води, од период во период, а резултатот што го оствари за првите три квартали од годинава е за пофалба, бидејќи во однос на истиот период од минатата година е регистрирано зголемување за 46 проценти.

Од самата компанија многу прецизно објаснуваат што ја зголеми нивната добивка. Имено, станува збор главно за зголемена продажба на возила во комерцијалниот сегмент, што донесе и повисоки приходи и поголема добивка за ова акционерско друштво.

Тоа значи дека Македонците од почетокот на годинава „удриле“ на купување на нови возила, што се рефлектира во поголеми заработувачки и кај компаниите кои работат во таа бранша.

А, покрај добрите приходи, на зголемената добивка „ветер во грбот“ и биле и стабилните трошоци.

„Аутомакедонија АД Скопје во периодот од први јануари заклучно со 30 септември оваа година оствари позитивен финансиски резултат, односно нето добивка по оданочување во износ од 24,5 милиони денари (398 илјади евра – н.з.), што претставува за 46 отсто зголемување во однос на истиот период од 2023 година. Зголемувањето на нето добивката во 2024 година се должи на зголемен волумен на продажба на возила комерцијален сегмент, а од друга страна стабилно ниво на трошоци во однос на 2023 година. Горенаведеното резултира во оперативна добивка од 22 милиони денари, зголемување за 76 отсто во однос на истиот период 2023 година. Финансиските расходи се зголемени за 7 отсто, што резултира со добивка пред оданочување од 25 милиони денари“, се вели во образложението од компанијата доставено до инвеститорската јавност преку Берзата.

Компанијата за првите девет месеци од годинава има одлични приходи од продажбата, кои се и всушност главните оперативни приходи. Тие за девет месеци изнесуваат одлични 9,2 милиони евра, што е за дури 53 отсто зголемување во однос на истиот период од минатата година.

Зголемени се и оперативните расходи,и тоа за 51 отсто во однос на истиот период лани. Тие биле на ниво од 8,86 милиони евра, но бидејќи се помали од приходите, компанијата успева да работи солидно профитабилно.

Ова прави оперативната добивка на компанијата да биде на ниво од 362 илјади евра, и во однос на истиот период лани, тоа е зголемување за 76 проценти. Заедно со финансиските приходи, кои се малку намалени, и финансиските приходи, кои се малку зголемени, и по пресметката на данокот, излегува дека нето профитот од деветмесечното рабпотење на „Аутомакедонија“, е чиста заработка од 400 илјади евра.

Оваа компанија се занимава со продажба на возила, сервисирање, технички прегледи, осигурително-брокерски услуги, рента-кар, како и испитен центар за полагање возачки. Таа е најстара македонска компанија специјализирана за продажба на нови возила, но и за нивно сервисирање. Оваа компанија на пазарот успешно опстојува 77 години.

Во моментов, според состојбата на ЦДХВ, поголеми акционери на компанијата се Иванка Мојсова со 22,48 отсто од капиталот, Милан Ивановски со 17,99 отсто од акциите, како и трите деца за бизнисменот Светозар Јаневски, односно Кирило, Драгана и Јане со по 6,78 отсто од акциите.

Јане Јаневски, син на познатиот бизнисмен Светозар Јаневски, стана во јуни претседател на Управниот одбор на „Аутомакедонија“, заземајќи го местото на Џон Кирил Јоновски, кој досега беше на таа позиција. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КАТАРСКИ МИНИСТЕР ЗА ГАСОТ: Ако изгубам 5 отсто од мојот генериран приход со одење во Европа, нема да одам

КАТАРСКИ МИНИСТЕР ЗА ГАСОТ: Ако изгубам 5 отсто од мојот генериран приход со одење во Европа, нема да одам

ДОБРИ ПЛАТИ И СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ: Кипар бара работници

ДОБРИ ПЛАТИ И СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ: Кипар бара работници

ПАК ПОСКАПУВАЊЕ: Се зголеми вредноста на минималната кошничка

ПАК ПОСКАПУВАЊЕ: Се зголеми вредноста на минималната кошничка

ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВА, БЕНЗИНИТЕ НЕ - еве по кои цени ќе се продаваат горивата

ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВА, БЕНЗИНИТЕ НЕ - еве по кои цени ќе се продаваат горивата

Словенечка компанија ќе изнајмува 100 електрични возила во Скопје преку апликација

Словенечка компанија ќе изнајмува 100 електрични возила во Скопје преку апликација

ПО МАЛО ЗАТИШЈЕ, „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ ПОВТОРНО „ЗДРМА“ СО ДВА БЛОКА - продадени 3,32 отсто за 2,7 милиони евра

ПО МАЛО ЗАТИШЈЕ, „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ ПОВТОРНО „ЗДРМА“ СО ДВА БЛОКА - продадени 3,32 отсто за 2,7 милиони евра

ГРУПА МАЛИ АКЦИОНЕРИ ПРИЈАВИ МАНИПУЛАЦИЈА ДО КХВ! Дали раководството на „Македонијатурист“ ја зборувало вистината кога објави дека не поседува ценовно-чувствителни информации?

ГРУПА МАЛИ АКЦИОНЕРИ ПРИЈАВИ МАНИПУЛАЦИЈА ДО КХВ! Дали раководството на „Македонијатурист“ ја зборувало вистината кога објави дека не поседува ценовно-чувствителни информации?

АД МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за интерконекција помеѓу Македонија и Албанија

АД МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за интерконекција помеѓу Македонија и Албанија

Хонда и Нисан се спојуваат „за да преживеат“

Хонда и Нисан се спојуваат „за да преживеат“