17 Декември, 2025
0.0553

СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЖРТВИ: Во Нови Сад загинаа 11 луѓе

Објавено во: Балкан 01 Ноември, 2024 17:44

Добивај вести на Viber

Српските медиуми јавуваат дека во несреќата во Нови Сад каде се урна натстрешница на Железничката станица загинаа 11 луѓе. Оваа бројка нема да биде конечна. 

„Во катастрофалната несреќа што се случи на железничката станица во Нови Сад загинаа 11 лица“, изјави министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Дачиќ изјави дека на едно лице му е ампутирана ногата. Има и повредени кои завршија во болница. 

Директорката на Клиничкиот центар во Војводина, Весна Туркулов во изјава за медиумите вели дека три од повредените лица се во тешка состојба во Ургентниот центар.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот Милош Вучевиќ и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ пристигнуваат во Нови Сад, пишува Телеграф.

Во Србија утре е ден на жалост, а во Нови Сад е прогласена тридневна жалост. 

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата